Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
МАКЕДОНИЈА

Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба

Објавено October 23, 2024 09:22
Сподели
Сподели

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија.

Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат.

Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети.

Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, се започнало со процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

По повод Денот на македонската револуционерна борба, во Музејот на македонската борба ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Завет кој обврзува” на која што свое обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Владина делегација во 11 часот ќе положи свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО кој се наоѓа во Жена-парк Скопје, исто како и собраниската делегација составена од потпретседателот, Антонијо Милошоски и пратеничката Емилија Ангелова.

Државната награда „23 Октомври“ ќе биде, исто така, доделена денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија во 12 часот. 

Добитник на наградата „23 Октомври“ годинава е поетот Славе Димоски, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се помилуваните лица од страна на претседателката Силјановска Давкова
Следна Статија Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Затемнувањето на Месечината ќе може да се гледа со два телескопа на плоштад „Македонија“ во Скопје

Целосното затемнување на Месечината што треба да се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани, како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација

Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска ја отежнува битката со корупцијата, тврдат граѓански организации

Наместо да ја спречува корупцијата, Антикорупциската комисија отвора врата за неа – обвинуваат од Платформата на граѓански организации за борба…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Драстично опаѓа бројот на новороденчиња во Македонија

Демографката Марија Љакоска, доцент на Институтот за географија при ПМФ, предупредува дека продолжувањето на падот во бројот на новороденчиња ќе…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?