Македонската ракометна репрезентација ја запиша првата победа на годинешното светско првенство.
По ремито со Унгарија, поразот од Холандија, Македонија денеска славеше над Гвинеја со 29:20.
Избраниците на Кире Лазаров успешно го одиграа третиот натпревар од првата фаза на Мундијалот и се пласираа во втората рунда.
За играч на мечот беше прогласен Кузмановски, кој со 12 гола беше прв стрелец, но во нашиот табор блесна и голманот Кизиќ кој запиша 14 одбрани.
За потсетување, во останатите натпревари од првата фаза нашата репрезентација одигра нерешено со екипата на Унгарија, а беше поразена од Холандија.
Во следната фаза Македонија ќе игра против селекциите на Франција, Катар и Австрија. Првиот натпревар од оваа рунда, Македонија го игра 21. јануари, исто така во Вараждин Арена.