Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонска државјанка протерана од Србија, македонското министерство бара објаснување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонска државјанка протерана од Србија, македонското министерство бара објаснување
МАКЕДОНИЈА

Македонска државјанка протерана од Србија, македонското министерство бара објаснување

Објавено January 24, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Извршната директорка на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ Искра Росо е македонската државјанка и претставничка на невладиниот сектор која била приведена и протерана од српската полиција и депортирана од Србија во Македонија.

Во писмена изјава за МИА таа посочува дека на 21 јануари годинава за време на нејзиното учество на обука за стратегии за генерирање приходи за непрофитни организации, која се одржала од 20 до 21 јануари во Белград, се соочила со неочекуван инцидент кога по враќањето во хотелот била задржана од полицијата без јасно објаснување. Росо вели дека подоцна дознала дека и била издадена забрана за влез во Србија во траење од 12 месеци врз основа на Законот за странци.

-По враќањето во хотелот каде што бев сместена, бев задржана од страна на полицијата и, заедно со уште неколку учесници, префрлена во полициска станица без јасно објаснување. Подоцна дознав дека ми беше издадена забрана за влез во Србија во траење од 12 месеци, врз основа на член 78 од Законот за странци. За време на процесот, не добив објаснување за задржувањето, што дополнително ја зголеми неизвесноста и вознемиреноста кај мене и другите учесници. Иако морам да напоменам дека полицијата во Белград се однесуваше крајно професионално. Веќе имам поднесено барање до Министерството за надворешни работи во Скопје за добивање информации за причините за издавање на забраната за влез, а воедно подготвувам процес за жалба на решението, посочува Росо во изјавата за МИА.

Министерството за надворешни работи изразува загриженост поради протерувањето од Република Србија и забраната за влез од една година на македонски државјанин со регулиран престој во државата, кој според наводите на надлежниот орган на Република Србија, претставува „безбедносна закана“.

-Во овој контекст МНРиНТ ќе побара објаснување во поглед на оправданоста на преземените мерки, посебно имајќи го предвид нашето очекување дека истите се во согласност со законските рамки на Република Србија, но и со европските и меѓународни стандарди за човекови права. Искрено очекуваме дека овој случај ќе биде разрешен на соодветен начин, преку дијалог и со присутна добра волја од двете страни, како и во интерес на задржување на континуитетот во градењето на пријателските и добрососедски односи помеѓу двете земји, велат од МНРиНТ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Следната недела ќе се сретнам со Синдикатот на УПОЗ и ќе разговараме за нивните барања
Следна Статија ДИЗ: Пратката од Македонија за Хрватска содржи свеж кељ, а не зелка и нема пестициди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите. Очекува ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише

По наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема резолуција понудена од СДСМ за прекинување на процесот за примање мигранти во Македонија опозициската…

December 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон Дер Лајен доаѓа во Македонија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на турнејата по земјите од Западен Балкан, планира да ја…

October 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митески: На терен од Лисиче до Мичурин, се чисти комуналниот отпад

Вд градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Дејан Митески објави дека денешниот празничен ден го…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?