Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија
СПОРТ

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Објавено January 18, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Холандија, вчера во Вараждин ја победи Македонија (37:32) во второто коло на Светското ракометно првенство во Вараждин.

Натпреварот го обележа лошото судење на Данците Хансен и Надсен. Досудија 12 седмерци за „лалињата“, на македонските ракометари им доделија два црвени картони (Павле Атанасијевиќ, Лазаревски), вкупно Македонија 20 минути играше со ракометар помалку.

Одлуките на судиите предизвикаа револт кај македонските навивачи на трибините. На крајот од натпреварот фрлаа разни предмети во теренот поради што преплашените Холанѓани избегаа во соблекувалната.

Холандски „НОС“ пишува дека македонски навивач го плукнал холандскиот селектор Штафан Олсон, а тоа наводно го потврдил и портпаролот на холандската репрезентација.

Легендарниот Швеѓанец Олсон бесно се свреч кон макеоднските навивачи, потоа кратко им аплаудираше на своите играчи и навивачи пред конечно да замине во соблекувалната.

„Драматичен и „тесен“ натпревар. Холанѓаните секогаш беа чекор понапред од Македонците. Заврши во хаос, последните минути завршија со фрлање предмети на теренот. Македонските навивачи ги избркаа Холанѓаните од теренот. “, објави новинарот на „ТВ2“, Сорен Ридц.

„Човеку, почнаа да фрлаат со секакви предмети. Вакво нешто не сум доживеал. Очигледно е така на Балканот. Во еден момент кога требаше да ја фрлам топката, тие го полеаја голот со вода. Апсолутно лудо, ова нема никаква врска со ракометот“, изјави по натпреварот холандскиот голман Матијас Рекс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кекеновски: За неполн месец пуштени во сообраќај три делници, има разлика нели
Следна Статија Санкциите им пресудија: Ќерката на Додик го затвора ресторанот откако беше ставен на црната листа на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Челзи до трофејот Светски клупски шампион (ВИДЕО)

Англискиот тим Челзи е освојувач на трофејот на Светското фудбалско клупско првенство што изминатите 30 дена се одржа во САД.…

July 14, 2025
СПОРТ

Чемвено од Кенија е победник на 20. Виз Ер Скопски маратон, Ивановски го освои третото место

Хилари Чемвено од Кенија е победник на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон. Тој патеката долга 42 км и 195…

October 6, 2024
СПОРТ

„Летачот на орли“ е во Лесковац: Таткото на Гранит Џака лежел во српски затвор за екстремизам

Албанскиот фудбалер во дресот на швајцарската репрезентација Гранит Џака е во Лесковац каде во овие моменти игра меч против Србија.…

October 12, 2024
СПОРТ

(Видео) Ливерпул поразен во Истанбул

Ливерпул го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите. „Црвените“ паднаа во Истанбул против Галатасарај. Тотенхем со авто-гол се спаси…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?