Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации
СПОРТ

Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации

Објавено October 13, 2024 17:25
Сподели
Сподели

Три дена по триумфот над Летонија во Рига во 3-0, македонската фудбалска репрезентација вечерва против Ерменија во Ереван ја очекува уште еден гостински натпревар во Лигата на нации во кој со нова победа ќе го обезбеди првото место во групата Ц4 и ќе обезбеди промоција во Б дивизијата.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски пред вечерашниот дуел на стадионот „Вазген Саргсјан“ со почеток во 18 часот се првопласирани на табелата со седум бодови, три повеќе од второпласираната Ерменија, која во четвртокот одигра реми 2-2 на гостувањето во Фарски Острови.

Селекторот Милевски на располагање за дуелот против Ерменците ќе ги има стоперите Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, додека неизвесен е настапот на Висар Муслиу, кој се повреди на натпреварот во Рига.

Македонската репрезентација пред еден месец во Скопје ја совлада Ерменија со 2-0 и со оптимизам влегува на реваншот во Ереван, во кој со победа ќе го обезбеди првото место во групата, а и со бод ќе направи голем чекор кон промоција во Б дивизијата пред двата завршни натпревари од ноемврискиот циклус против Летонија и Фарски острови во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес
Следна Статија Мaж пронајден во бессознание во река во Гевгелија, починал во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Ултрасите на Милан со своите тела испратија порака до американските газди

На денот на натпреварот со Монца, во последното коло од сезоната, најстрасните навивачи на Милан организираа низа перформанси и протести…

May 25, 2025
СПОРТ

Тепачка во НБА: Нуркиќ прво удри шлаканица, па беше – нокаутиран (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас забележаа победа над Феникс Санс со 98:89. Натпреварот го обележа тепачката меѓу Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал.…

December 28, 2024
СПОРТ

Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате потпиша за Охрид

) - Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за ГРК Охрид. Дваесет и седумгодишниот…

April 1, 2026
СПОРТ

Лиам Делап ќе го предводи нападот на Челзи

Фудбалерот на Ипсвич Таун, Лиам Делап, ќе стане првото засилување на Челзи пред сезоната 2025/26. Ипсвич веќе информирал голем број…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?