Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонците се најголеми пушачи на цигари на Балканот и во топ 10 во светот: Посиромашните би избрале цигара наместо оброк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонците се најголеми пушачи на цигари на Балканот и во топ 10 во светот: Посиромашните би избрале цигара наместо оброк
МАКЕДОНИЈА

Македонците се најголеми пушачи на цигари на Балканот и во топ 10 во светот: Посиромашните би избрале цигара наместо оброк

Објавено October 27, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се пушачи на цигари, притоа не сметајќи ги електронските цигари и другите тутунски производи.

За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4%, а во светот 17% од населението. Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува. Просекот во Македонија е 13 и пол години, анализира Алфа.

Истражувањето на тинк-тенкот Аналитика покажува дека пушењето може да доведе до 39 илјади смртни случаи во следните 40 години. И покрај застрашувачките бројки, анализата покажала дека Македонците немаат намера да се откажат од пушењето. Богатите истовремено конзумирале и повеќе алкохол, оние од средна класа заради пушењето не трошат на образование, додека посиромашните попрво би избрале цигара, отколку да си купат нешто за јадење. Дури 13% од платата ја трошат на тутунски производи.

„Кај посиромашните домаќинства, трошоците кои се направени за набавка на цигари влијаат да се исфрлат трошоците поврзани со набавка на храна, млеко и млечни производи. Фамилиите имаат значајно нарушување на нивниот животен стандард затоа што имаат издатоци за цигари“, вели Кристијан Кожески – Економски Факултет при УКИМ, пренесе Алфа.

Истражувачите препорачуваат властите да ги едуцираат граѓаните за штетните ефекти на цигарите врз здравјето на луѓето, но и врз нивниот семеен буџет. Дополнително, зголемувањето на акцизата за 16% годишно треба да доведе до натамошно поскапување на цигарите за околу 13% во 2025 и 2026 година, а со тоа и до откажување од пушење на дел од луѓето и намалување на трошоците за здравствени услуги. Покачувањето на акцизата би значело и плус 30 милиони евра во државниот буџет годишно.

„Конкретно за Македонија имавме пример ако се зголеми акцизата за 15 проценти некаде за 10 отсто ќе се зголемат приходите од акциза во тој дел од буџетот. Она што сите симулациски модели го покажаа е тоа дека со зголемувањето на акцизата за цигарите дефинитивно доаѓа да кажам еве на англиски до win win стратегија, дека ќе дојде до зголемување на приходите во буџетот од една страна, а од друга страна намалување на потрошувачката на цигари, што е една важна цел во споредба со она краткорочно полнење на буџетот. Од здравствен аспект доаѓа до намалување на преваленцата го видовме тоа од податоците за Македонија некаде 1 до 2 проценти“, рече Мирјана Чизмовиќ од Институт за социо-економски анализи, Универзитет Медитеран, Црна Гора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владо Недановски официјално повеќе не е тренер на РК Вардар
Следна Статија Илон Маск: Вистинската закана за демократијата се оние кои го обвинуваат Трамп за истото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Обезбедивме 70 километри патна инфраструктура, изградивме над 20 спортски терени и обезбедивме градинки за згрижување на сите дечиња во Кисела Вода

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел дискусијата имаше градоначалникот на Кисела…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места…

January 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Граѓаните ја демолираат куќата на градоначалникот

Додека градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, дава изјава во Јавното обвинителство, граѓаните ја демолираат неговата куќа. По вчерашната трагедија во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски објави дека НВО и УСАИД ја киднапирале Македонија, го „тагна“ Илон Маск

Крис Павловски, канадски бизнисмен чии родители се од Македонија, објави дека и Македонија е дел од земјите за кои вели…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?