Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Малага забранува туристички изнајмувања на станови во 43 населби, им ги зголемува цените на недвижностите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Малага забранува туристички изнајмувања на станови во 43 населби, им ги зголемува цените на недвижностите
Blog

Малага забранува туристички изнајмувања на станови во 43 населби, им ги зголемува цените на недвижностите

Објавено October 28, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Властите на шпанскиот град Малага ќе забранат ново краткотрајно изнајмување од туристи во 43 градски населби, за да одговорат на револтот на жителите дека туризмот, кој е во пораст, им ги покачува цените на пазарот на недвижности.

Градот во јужна Шпанија на тој начин им се придружи на другите области во земјата во сузбивањето на краткорочните изнајмувања на станови, вклучително и Барселона, која планира да ги укине дозволите за туристичко изнајмување до 2028 година, објави Ројтерс.

Жителите, кои протестираат против високите кирии и недостатокот на долгорочно снабдување со станови, ги обвинуваат краткорочните изнајмувања на платформите како Airbnb и Booking, како и приливот на странци кои ја избираат Малага како базна дестинација за работа на далечина.

Забраната, објавена од градскиот совет на Малага, ќе биде насочена кон населбите каде што повеќе од осум отсто од сите домови се пуштаат за изнајмување на краткорочна основа, се вели во соопштението.

Во центарот на Малага, краткотрајните одмори сочинуваат 65 отсто од вкупното туристичко сместување, покажува студијата спроведена од локалните власти.

Туристите кои престојуваат во хотели ќе бидат ослободени од даноци, што ќе бара спроведување на реформа на националното законодавство.

Во текот на изминатата деценија, Шпанија забележа пораст на побарувачката за изнајмување домови од мигранти и семејства со ниски приходи, според неодамнешните податоци на Банката на Шпанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп одржа митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, говореа Хулк Хоган, Руди Џулијани, Карлсон Такер, Илон Маск… (ВИДЕО)
Следна Статија Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Binance го слави Меѓународниот ден на жената со глобални настани за финансиска еманципација

Водечкиот глобален лидер во крипто-индустријата Binance го одбележува Меѓународниот ден на жената со организирање бесплатни едукативни и мрежни настани низ…

March 7, 2025
Blog

Лагард: ЕЦБ ќе продолжи да ги намалува каматните стапки

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард денеска изјави дека креаторите на политиките во еврозоната дополнително ќе ги намалат каматните…

March 7, 2025
Blog

ЕЦБ ги намали каматите, промените стапуваат на сила на 12 март

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, па така депозитната стапка сега е…

March 7, 2025
Blog

Државата за македонскиот спорт додели 440 милиони денари

Република Македонија го одреди државниот буџет со кој ќе се помага спортот во новата календарска година. Утврдено е дека како…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?