Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МАЛИ ХЕРОИ И НАША ГОРДОСТ: Четворица четвртооделенци спасија човечки живот (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МАЛИ ХЕРОИ И НАША ГОРДОСТ: Четворица четвртооделенци спасија човечки живот (ФОТО)
МАКЕДОНИЈА

МАЛИ ХЕРОИ И НАША ГОРДОСТ: Четворица четвртооделенци спасија човечки живот (ФОТО)

Објавено December 31, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Четвртооделенците, Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ се млади херои кои покажаа дека вистинското знаење се мери не само со училишните успеси, туку и со неговата примена во најважните моменти од животот. Овие деветгодишни деца пред три дена во паркот во населбата Осми Ноември спасија човечки живот.

Марко Ташков денеска за МИА изјави дека минатиот петок играјќи фудбал во паркот во нивното маало, забележале дека дедото на едно од нивните другарчиња, кое учи во училиштето паднал во безоснание, по што веднаш реагирале.

Веднаш истрачавме да видиме дали е добар дедото и јас веднаш го препознав дека живее во мојот влез и веднаш отидов да ја повикам неговата сопруга. Ѕвонев, ѕвонев на врататa и никој не ми отвори и повторно се вратив го зедов телефонот од едно од другарчињата и се јавив на Брза помош и реков дали може веднаш да дојде Брза помош во паркот во Осми Ноември, бидејќи на еден дедо му се слоши, потоа дојде Брзата помош и му помогна. За пет до шест минути пристигнаа од Брзата помош, вели Ташков.

Неговите другари, Ристе, Михаил и Давид додаваат дека убаво е да си хуман и храбар во такви моменти, кога на некој му е потребна помош.

Нивните наставнички, Ванѓе Манева и Елена Дубровска велат дека оваа постапка на нивните ученици претставува вистинска инспирација и потсетник не само на нивните врсници, туку и на возрасните дека хуманоста, сплотеноста, емпатијата се основните вредности на коишто се гради една здрава заедница.

-Ние како нивни учителки сме горди на нивното дело и сме горди што тие се дел од нашето училишно семејство. Затоа сакаме да упатиме една јавна благодарност од наше име, од името на училиштето за нивната хуманост, за нивното дело, за нивната брза реакција и за сплотеноста во спасување на еден човечки живот, вели Манева.

Наставничката, Дубровска вели хуманоста е одлика на силните, на оние коишто умеат да сакаат, да даваат и помогаат.

-Овие дечиња покажаа дека знаењето коешто го стекнуваат овде во училиштето можат да го употребуваат и во секојдневниот живот, секогаш кога има потреба, па дури кога станува збор за човечки живот. Импресивно е како тоа тие успеале на брз начин да се организираат и реагираат и на тој начин да дадат свој придонес во целата оваа ситуација, вели Дубровска.

Четвртооделенците, Марко, Ристе, Михаил и Давид одржаа лекција како треба да се реагира кога на некој му е загрозен животот и какошто велат нивните наставнички вака изгледаат вистинските хуманисти од мали нозе.

Раководството и наставниците во ООУ „Тошо Арсов“ на овие дечиња им доделија и благодарници, и им порачаа дека се горди што се дел од нивното училишно семејство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Спектакуларен огномет, Нов Зеланд ја дочека Новата 2025 година
Следна Статија Што ќе биде со сестрата на Коста Кецмановиќ?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка

Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како амбасадорката Агелер го честиташе Денот на македонскиот јазик

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер со видео објавено на социјалните мрежи го честита Денот на македонскиот јазик. -Честит Ден…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВО ЖИВО Венчавка на младенците Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски на Галичка свадба

Во рамки на традиционалната Галичка свадба денеска ќе се одржи венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?