Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манчестер јунајтед го отпушти Ерик тен Хаг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Манчестер јунајтед го отпушти Ерик тен Хаг
СПОРТ

Манчестер јунајтед го отпушти Ерик тен Хаг

Објавено October 28, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед го отпушти тренерот Ерик тен Хаг по вчерашниот пораз од Вест Хем (2:1).

Иако долго се инсистираше дека Холанѓанецот има поддршка од управата, по поразот во Лондон челниците го загубија трпението.

Јунајтед по девет рунди е 14. на табелата, веќе забележа четири порази во Премиер лигата, а не му оди добро ниту во Лига Европа, во трите кола три пати одигра нерешено.

Тен Хаг не успеа да направи исчекор со „црвените ѓаволи“ и покрај тоа што доби големи пари за засилувања.

Во првата сезона на Холанѓанецот за засилувања беа потрошени 243.280.000 евра. Уште 202.300.000 во втората, а ова лето клубот во нови играчи вложи 214.500.000. Кога овие бројки ќе се собеарт се доаѓа до сума од 660.080.000 евра.

Холанѓанецот на „Олд Трафорд“ пристигна на 21 април 2022 година и потоа потпиша договор до 2025 година, со можност за продолжување на уште една година.

На Тен Хаг и покрај лошите резултати му беа дадени повеќе шанси, многу повеќе од другите тренери пред него. Сепак, капката што ја прели чашата беше поразот (2:1) од Вест Хем во Лондон викендов.

За време на неговиот мандат, тој успеа да освои два трофеи: Лига купот во 2023 година и ФА Купот во 2024 година.

Руд ван Нистелрој ќе го преземе тимот како привремено решение и ќе работи со сегашниот стручен штаб до изборот на новиот тренер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција
Следна Статија Дизелот поскапува за половина денар, бензините остануваат со иста цена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Анчелоти осуден на една година затвор

Италијанскиот фудбалски тренер Карло Анчелоти е осуден во Мадрид на една година поради затајување на данок пред десет години. Казната…

July 10, 2025
СПОРТ

Рекордни 14.000 натпреварувачи ќе настапат на Скопскиот атлетски маратон

Денеска беше најавено 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври 2025 година, како…

October 2, 2025
СПОРТ

Поразот од Шпанија беше последниот меч на Меси за Аргентина

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси им кажал на своите соиграчи дека финалето на Светското првенство во 2026 година против Шпанија (0:1…

July 21, 2026
СПОРТ

Покажаа дека се вистински спортисти: Дури ни Италијанците не сакаат да играат на местото на Иран на СП

Италијанските спортски функционери го нарекоа денеска „срамен и нессодветен“ американскиот предлог Италија да го замени Иран на претстојното Светско фудбалско…

April 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?