Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манчестер јунајтед си купи тренер за 10.000.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Манчестер јунајтед си купи тренер за 10.000.000 евра
СПОРТ

Манчестер јунајтед си купи тренер за 10.000.000 евра

Објавено October 29, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Рубен Аморим (39) стана најскапиот „купен“ тренер на сите времиња, а воедно и седми менаџер на Манчестер Јунајтед по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон пред 11 години.

Оваа вест ја објавија бројни португалски и англиски медиуми, наведувајќи дека по Спортинг, младиотт стручњак ја прифатил понудата од „Олд Трафорд“.

Згора на тоа, доаѓањето на Аморим во Јунајтед претставува своевидно „киднапирање“, бидејќи тој беше проектиран како наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, кој во меѓувреме го доведе спортскиот директор на лисабонските „лавови“ и близок соработник на Аморим, Уго Вијана.

Клубот од Лисабон ќе заработи десет милиони евра од трансферот на тренерот кој освои две титули во португалското првенство, два национални купа и еден Суперкуп.

Од заминувањето на Фергусон, Јунајтед го предводеа Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер , Ралф Рагник и Ерик Тен Хаг.

Амор го очекува тешка работа, Јунајтед освои алармантни 11 бода во девет кола од Премиер лигата Во моментот на разделбата со Тен Хаг, Јунајтед падна од просечните 1,97 бода во првата на 1,22 бода во третата сезона на Холанѓанецот во клубот.

Последната капка беше поразот од Вест Хем, по што менаџерот ги обвини судиите и сопствениците на клубот решија да бараат ново решение.

Го најдоа во човекот кој на Спортинг му ги даде најдобрите сезони во последните две децении, во кои најмногу доминираа Бенфика и Порто.

Под водство на Аморим, кој пред да дојде на стадионот „Жозе Алваладе“ работеше во Каса Пиа и Брага, „лавовите“ освоија 2,27 бода на 227 натпревари.

Аморим ќе стане третиот португалски менаџер во Премиер лигата, покрај Марко Силва (Фулам) и Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест). Тој ќе биде седмиот Португалец на клупата на еден клуб од формирањето на Премиер лигата, бидејќи пред споменатите тројца Жозе Мурињо, Андре Вилаш Боаш, Карлос Карвајал и Бруно Лаж работеа во најсилната лига на светот.

Клучевите од соблекувалната во Карингтон ќе му ги предаде помошникот на Тен Хаг, Руд ван Нистелрој, кој се врати летово и нема долго да биде в.д менаџер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Царината заплени 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови
Следна Статија Конференција на „Блумберг Адрија“: Развојот на новите технологии ќе донесат поголеми промени отколку во претходните 100 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Уапсен Дејан Савичевиќ

Претседателот на ФСЦГ и поранешен познат фудбалер на Црвена Звезда и Милан, Дејан Савиќевиќ е приведен. Причината за апсењето на…

July 7, 2025
СПОРТ

Никола Јокиќ ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на НБА лигата

НБА тимот на  Денвер Нагетс подготвуваат нов договор за трикратниот МВП на НБА Никола Јокиќ. Продолжување на соработката меѓу Србинот…

April 14, 2025
СПОРТ

(Видео) Алварез и Мбапе прв пат стрелци во градското дерби – Реал и Атлетико ремизираа

Мадрилењо дербито одиграно во 23.коло на „Сантијаго Бернабеу“ зарши без победник 1:1 (0:1). Интересен натпреварто одиграа Реал и Атлетико. Гостите…

February 9, 2025

Анкета на Пинкбајк: Како ги надувувате вашите гуми?

Повик до сите обожаватели на Шредер вентилите

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?