Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес, очекуваат милион посетители годишно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес, очекуваат милион посетители годишно
СПОРТ

Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес, очекуваат милион посетители годишно

Објавено November 1, 2024 10:45
Сподели
Сподели

Децата на Диего Марадона најавија дека ќе ја основаат „Фондацијата Марадона“ за да го почитуваат наследството на аргентинскиот фудбалски идол и открија некои карактеристики на идниот споменик во центарот на Буенос Аирес, кој се очекува да има милион посетители годишно.

„Сакаме нашиот татко да биде блиску до љубовта на луѓето и да им ја исполни желбата на сите што сакаат да му донесат цвеќе“, објасни неговата ќерка Далма зборувајќи за спомен-обележјето.

Споменикот наречен „M10 Mеморијал“, кој треба да биде отворен во 2025 година, ќе се наоѓа на шеталиштето во срцето на главниот град, во туристичката област на старото пристаниште Пуерто Мадеро. Со покриена површина од 1.000 квадратни метри, споменикот ќе биде домаќин на еден милион посетители годишно.

Аргентинците ќе имаат бесплатен пристап, но можат да дадат донација на Фондацијата што ќе им овозможи да ја стават нивната фотографија на „ѕидот на наследството“ кај споменикот.

Во Фондацијата ќе бидат Далма, Џанина, Диего Јуниор, Јана и Диего Фернандо, децата што ги призна Марадона, од три различни врски.

На почетокот на октомври, судот одобри префрлање на телото на Марадона на овој иден споменик, со цел да им се олесни на Аргентинците и туристите да му одадат почит на „најголемиот идол на Аргентина“.

Марадона, кој почива на гробиштата во Бела Виста, предградие на Буенос Аирес, почина во ноември 2020 година на 60-годишна возраст од срцева слабост во болницата во Тигре, каде што се опоравуваше од операцијата поради хематом на главата.

Во март 2025 година, судењето треба да ги открие околностите на неговата смрт и потенцијалната негриж, а обвинети се седум лица: неврохирург, клинички лекар, психијатар, психолог, главна медицинска сестра, медицински сестри. Судството ја задржа квалификацијата за убиство од небрежност, за што е предвидена затворска казна од 8 до 25 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нивниот ум работи како швајцарски часовник: Ова се 3-те најпаметни знаци во хороскопот
Следна Статија „Мирно небо Зоки“, македонската естрада се збогува со Зоки Фаци | ФОТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Партизан кон крајот на осумдесеттите години имаше страшен тим

На социјалните мрежи се појави фотографија од ФК Партизан кон крајот на осумдесетите години од минатиот век. По имињата може…

January 9, 2025
СПОРТ

Лионел Меси со нов договор во Интер Мајами

Лионел Меси и официјално потпиша нов договор со Интер Мајами, со кој ќе остане дел од клубот до крајот на…

October 24, 2025
СПОРТ

Грчките ракометари се исплашија да играат во Скопје, ЕХФ прифати мечот со Партизан да се игра во Бугарија

Реваншот од четвртфиналето на Купот на ЕХФ меѓу Партизан и АЕК се игра во понеделник од 11 часот во Бугарија!…

April 3, 2025
СПОРТ

Колев нов селектор на фудбалската репрезентација до 17 години

Фудбалската федерација на Македонија го назначи денеска поранешниот фудбалер на Вардар и Силекс, Влатко Колев за нов селектор на македонската…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?