Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Масовни протести во Нови Сад поради тепање студенти, носат транспаренти – „Уапсете го Вучиќ!“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Масовни протести во Нови Сад поради тепање студенти, носат транспаренти – „Уапсете го Вучиќ!“
БАЛКАН

Масовни протести во Нови Сад поради тепање студенти, носат транспаренти – „Уапсете го Вучиќ!“

Објавено January 28, 2025 17:01
Сподели
Сподели

Голем број студенти, средношколци и граѓани на Нови Сад попладнево се на новосадските булевари за да протестираат пред просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС) откако синоќа беа нападнати неколку студенти, јави Бета.
Голем број студенти се упатија на протести што почнаа од универзитетскиот кампус со многу бучава, со свирежи, вувузели, труби и тапани.

Ним им се придружија земјоделците на трактори, како и голем број мотоциклисти, кои прават голема врева со своите мотори.

На протестот организирано доаѓаат и средношколци од Нови Сад, придружувани од голем број родители.

Редарите, претежно професори од Универзитетот во Нови Сад, формираа кордон пред просториите на СНС, за да спречат инциденти.

Демонстрантите носат транспаренти „Дијалог“ со илустрација на крвава бејзбол палка како алузија на тепањето студенти и претходниот повик на режимот за дијалог „Доста е крв“, „Сите за еден, еден за сите“, „Бојата ќе се измие, крвта не“ и скандираат „Уапсете го Вучиќ“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како Македонија котира во изборот за најмирни земји во светот
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Разбиена најголемата мрежа за проституција во Албанија – уапсени организатори и приведени 48 жени

Албанските обвинителни власти објавија дека во Тирана е разбиена најголемата мрежа за проституција во земјата. Во акцијата се приведени 48…

October 5, 2025
БАЛКАН

За 72 часа Санторини го погодија 39 земјотреси посилни од 4 степени според Рихтер, околу 9.000 луѓе го напуштија островот

Сеизмичката бура на Санторини не престанува. Познатиот грчки остров во последните 72 часа го погодија дури 39 земјотреси посилни од…

February 4, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со…

July 12, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Во Србија и Грузија се случува надградена и проширена Шарена револуција

Шарените револуционери имаат нова тезга. Она што го гледавме во Скопје во 2016 и 2017 година, во Украина за време…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?