Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува
ПОЛИТИКА

Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

Објавено November 18, 2024 18:40
Сподели
Сподели

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити по денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека во Македонија не постои Закон за албанскиот јазик за да може да се каже дека се укинува. Потенцира дека во подготовка е посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во Македонија.

-Прво, ќе се поврзам со одговорот на премиерот Курти кој рече дека во Македонија не постоел Закон за албанскиот јазик, па сега тој сега се укинува или прекршува. И второ, не се оспорува од Владата на Република Македонија, туку има иницијатива во Уставниот суд каде деветте судии избрани од Владата на СДСМ-ДУИ и проблемот го прават тие судии на Уставен суд со мандат од минатото мнозинство. Денеска сме тука да ја продлабочиме соработката меѓу двете влади и да им го олесниме животот на граѓаните во нашите две земји. Гарантираме дека албанскиот јазик ќе напредува во Република Македонија, исто како што најдовме решение и се формираше експертска група од партнерите во Владата кои работат на балансерот, кој беше само механизам, а сега зема димензии на законско решение или посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во Македонија, рече Меџити.

Но новинарско прашање што ќе направат како политичка партија на Албанците доколку Уставниот суд го оспори албанскиот јазик, Меџити нагласи дека Уставниот суд има побарано мислење од Венецијанската комисија и од каде добиле забелешки за три члена од Законот за употреба на јазиците во Република Македонија.

-Уставниот суд не го оспорува албанскиот јазик затоа што нема закон за албанскиот јазик. Уставниот суд, на барање на Владата на СДСМ-ДУИ, има побарано мислење од Венецијанската комисија и тие дале забелешки за три члена од тој Закон за употреба на јазиците во Република Македонија, а тоа се само за тие три члена. Правиме се од себе да ги задржиме позициите на јазикот и да го унапредиме во иднина, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Соработка на ИСОС со Светска Банка: Едукацијата има клучно значење за развојот на сметководствената професија
Следна Статија Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Митески: Во наредните две години листата на дечиња кои чекаат за упис во градинките ќе се сведе на нула

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, во гостување на Радио Лидер, говореше за правењето на длабок рез во делот…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Бектеши: Можни се тензиите по укинувањето на балансерот

ДУИ предупредува на зголемување на тензиите откако беше укинат „балансерот“ за етнички вработувања. Екс-министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју…

October 13, 2024
ПОЛИТИКА

Ристески: За пратениците на Левица петок бил неработен ден, лицемерието на Фејсбук патриотите на површина!

Ова се празните места каде што треба да седат пратениците Левица. Еве како се зема плата без работа и без…

January 17, 2025
ПОЛИТИКА

Рекорден број новинари на Конгресот: Присутни и медиуми од соседните држави

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци привлече рекорден медиумски интерес. Според извори од организацијата, акредитирани се повеќе новинарски редакции отколку на…

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?