Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида
СВЕТ

Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида

Објавено January 5, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони доцна синоќа имаше средба со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која се одржа на имотот Мар а Лаго во државата Флорида, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони доцна синоќа замина во САД за да разговара, според италијанските и американските новинари, на повеќе теми – војната во Украина, кризата на Блискиот Исток, а исто така и случајот со италијанската новинарка Чечилија Сала, која беше уапсена во Техеран на 19 декември и држена во самица во затворот „Евин“ во близина на главниот град на Иран.

Состанокот на Мелони со Трамп траеше неколку часа, а на него присуствуваше и Марко Рубио, иден државен секретар во администрацијата на милијардерот републиканец. На средбата беше и Скот Бесант, идниот министер за финансии на Трамп, како и Мајк Волц, иден советник за национална безбедност во Белата куќа и Тилман Фертита, идниот американски амбасадор во Италија.

Мелони беше придружувана од италијанската амбасадорка во САД, Марианџела Запа. Мелони пристигна во Мар а Лаго околу 1:30 часот по полноќ по италијанско време и полета назад во Италија четири часа подоцна.

Според известувачот на „Волстрит журнал“, Трамп и рекол на Мелони дека таа „навистина ја освоила Европа“ и дека е „многу возбуден што е тука со фантастична жена, премиерката на Италија“. Рубио, пак, ја нарекол Мелони „голем сојузник и силен лидер“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре e Бадник, а задутре Божик
Следна Статија Дресот на Дерик Роуз во Чикаго се повлекува од употреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Белата куќа ја поддржува теоријата дека ковид-19 потекнува од лабораторија

Белата куќа на својата официјална веб-страница објави поддршка за теоријата дека коронавирусната болес ковид-19 потекнува од лабораторија. На страницата, која…

April 19, 2025
СВЕТ

Кремљ: Русија е имуна на најавените санкции на Трамп

Кремљ објави дека продолжува да ги следи изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со санкциите против Москва, но…

July 30, 2025
СВЕТ

Иран предупредува на „тешки последици“ за САД и Израел

Иранската армија објави дека денеска соборила 10 напредни дронови низ целата земја, со што вкупниот број на соборени дронови досега…

March 1, 2026
СВЕТ

Европските лидери не го даваат Гренланд

Лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и Данска денеска издадоа заедничко соопштение за Гренланд, во која се…

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?