Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Meрц: Мораме од статусот на заспана сила од средна големина повторно да станеме водечка сила од средна големина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Meрц: Мораме од статусот на заспана сила од средна големина повторно да станеме водечка сила од средна големина
СВЕТ

Meрц: Мораме од статусот на заспана сила од средна големина повторно да станеме водечка сила од средна големина

Објавено November 10, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Фридрих Мерц, лидерот на германските опозициски демохристијани, изјави дека како германски канцелар ќе се обиде да постигне договор со новоизбраниот претседател Доналд Трамп што ќе ја стави Германија на порамноправна основа.

Се смета дека Мерц има најголеми шанси да го наследи канцеларот Олаф Шолц на предвремените избори што се очекуваат на почетокот на следната година, откако во средата се распадна владејачката трипартитна „семафор коалиција“ на канцеларот Шолц.

-Мораме од статусот на заспана сила од средна големина повторно да станеме водечка сила од средна големина, изјави Мерц за германското списание „Штерн“.

„Никогаш не сме ги артикулирале и претставувале нашите интереси доволно јасно во Германија и мораме тоа да го промениме. Американците се многу поактивни во овој поглед“, рече Мерц.

-Не треба да има корист само едната страна, туку треба да направиме добри договори за двете страни. Трамп тоа би го нарекол договор, додаде тој.

Мерц го наведе примерот со испораката на американски борбени авиони.

-Од Американците купуваме борбени авиони „Ф-35“ од нужда, но тогаш треба да ги одржуваме овде, а да ги добиеме и потребните капацитети за тоа. Тоа би било добра зделка за двете страни, истакна шефот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

„Го следам Трамп и разговарам со многу луѓе кои многу добро го познаваат. Ми велат: Мора да му пристапиш со исправено држење и со јасност“, додаде Мерц.

Мерц ја обвини германската Блада за слаб одговор на американските избори, од кои Трамп излезе како јасен победник.

Тој смета дека Берлин требаше да биде подготвен за таков исход, но наместо тоа избра да застане на страната на демократската кандидатка Камала Харис.

-Трамп има добра меморија. Новата администрација повеќе нема да ја слуша актуелната власт. Шолц сега стана ирелевантен на меѓународно ниво, рече Мерц

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Владините мерки за замрзнување на маржите не дадоа никаков ефект
Следна Статија Внимавајте: Ако ги пребарувате овие зборови може да бидете хакирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп

За денеска се планирани околу 1200 протести низ САД и во другите делови на светот, а организаторите очекуваат тоа да…

April 5, 2025
СВЕТ

Според анкетите Мерц со најголеми шанси да стане канцелар на Германија

59 милиони граѓани во Германија гласаа на предвеременитe парламетнрани избори, каде треба да се изберат 630 пратеници. Според анкетите Фридрих…

February 23, 2025
СВЕТ

Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп смета дека Израел треба да ги нападне иранските нуклеарни постројки како…

October 5, 2024
СВЕТ

Мнозинство од жителите на Гренланд се против припојување со САД

Мнозинство од жителите на Гренланд се против отцепување од Данска и припојување со САД, според најнова анкета спроведена од Вариан…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?