Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти
ЕКОНОМИЈА

Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти

Објавено November 9, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти кога ќе се споредат месеците октомври и септември, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање какви се резултатите од мерките за малопродажните цени што ги презеде Владата и што се очекува пред Нова година.

„Од тоа што сум информиран од министерот за економија, остварена е комуникација со коморите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените“, додаде Мицкоски.

Според него, запирањето на инфлацијата на 0,3 отсто во септември во однос на август, и дефлацијата од -0,7 отсто во октомври во споредба со септември, значат заштеда на граѓаните од 1 000 до 1 300 денари.

На прашањето дали ќе преземат социјални мерки за да ги заштитат граѓаните од ценовни шокови ако поскапе струјата, пак, со оглед дека се најавува тешка зима со минусни температури, Мицкоски одговори дека до овој момент Владата нема информација дека цената на електричната енергија ќе се зголеми.

„Дека зимата ќе биде предизвикувачка, ќе биде, и тоа го зборував уште на почетокот на нашиот мандат имајќи предвид со што се соочува Европа, какви се временските прогнози и во име на тоа преземавме мерки за да се обезбедиме, за да не дојде до ценовен шок и до зголемување на цената на електричната енергија. Како тоа на крајот ќе заврши, зависи и од самата РКЕ“, рече премерот.

Во врска со стабилноста на снабдувањето со електрична енергија, тој додаде дека во РЕК „Битола“ има околу 200 до 250 илјади тони јаглен на депонијата, се ископува парче од 1,5 милиони тони, а и се увезува јаглен по цени од 10 до 20 отсто пониски од претходно.

Со пониски цени, додаде Мицкоски, се набавува и гасот од кој се произведува електрична енергија и топлина за скопјани, а има и намалување на режиските трошоци. Поради сето тоа, тој смета дека состојбата е стабилна и дека нема да има ценовни шокови.

Вчера во телевизиско интервју и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, рече дека се прави сè за да нема поскапување на електричната енергија за граѓаните од следната година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
Следна Статија Скопје е во десетте најзагадени градови во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Во новиот буџет има многу позитивни изненадувања за сите работници во Македонија

Додека пратеничката Тренчевска држеше прес-конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата

Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, којшто ги опфаќа клучните активности, политики…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ утре ќе одржи протест со блокада на улиците пред Собранието

Работниците предводени од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) утре во 9 часот ќе одржат протест со блокади на улиците…

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, успеавме да бидеме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Еуроњуз се осврна на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските граѓани.…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?