Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меси ги налути Американците: Ја одби поканата на Бајден за доделување на медал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Меси ги налути Американците: Ја одби поканата на Бајден за доделување на медал
СПОРТ

Меси ги налути Американците: Ја одби поканата на Бајден за доделување на медал

Објавено January 6, 2025 21:10
Сподели
Сподели

Легендарниот играч на Аргентина и Интер Мајами, Лео Меси (37) не се појави на доделувањето на Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во Соединетите Американски Држави, кое претседателот во заминување Џо Бајден сакаше да му го додели. Од таборот на Меси стигна порака дека се почестени, но дека играчот не може да дојде поради претходно договорени обврски.

„Беше смешно и чудно да му се додели на Меси. Ало, ако ти е доделен тој медал, тогаш најди начин да бидеш во ДЦ“, изјави поранешниот американски репрезентативец Алекси Лалас на социјалната мрежа X. Легендата на НБА, Меџик Џонсон и актерот Дензел Вашингтон беа почестени на церемонијата, која Меси ја прескокна.

Многу Американци сега се лути на Аргентинецот затоа што не ја прими наградата што Бајден сакаше да му ја додели, а некои истакнуваат дека не требало да биде награден бидејќи според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња не се преселил во САД до летото 2023. Претходно играше за ПСЖ и Барселона. Освои се што можеше на клупски и репрезентативен план.

Меси дебитираше за првиот тим на Барса пред 21 година, а до 2021 година, кога замина во ПСЖ, стана рекордер на клубот по настапи, голови, асистенции и трофеи. На 778 официјални натпревари постигна 672 гола и асистираше за 303. Освои 35 трофеи, а кога ќе се додадат и оние со репрезентацијата, јасно е дека Меси е најодликуваниот играч во историјата на фудбалот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ослободете се од застоениот мирис: Се што треба да направите е да ставите една работа во плакарот
Следна Статија Млад германски фудбалер пронајден мртов во својот кревет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ракометарите поразени во меч во кој никому не му беше до ракомет

Во можеби најтешкиот ден во поновата македонска историја . македонската ракометна репрезентација е поразено во Словенија 38-27. Вечерва на никому…

March 16, 2025
СПОРТ

Убава вест за навивачите на Барселона

Барселона зад себе има блескава сезона во која ги освои сите домашни трофеи – Ла Лига, Купот и Суперкупот на…

May 18, 2025
СПОРТ

Кој е Предраг Мијатовиќ новиот член на управата на Партизан: Загуби син, поранешната сопруга е една од најзгодните Србинки

ФК Партизан доби нов управен одбор на чело со Расим Љајиќ, со први соработници Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ. Навивачите…

October 22, 2024
СПОРТ

Од Северна во Македонска, тимот на Главчев го враќа името на кошаркарската федерација

Тимот на новиот претседател на националната кошаркарската федерација Томе Главчев го враќа името кое го смени предходниот претседател Перо Антиќ…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?