Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Meta вложи 14,3 милијарди долари во Scale AI – Александер Ванг преминува во технолошкиот гигант
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Meta вложи 14,3 милијарди долари во Scale AI – Александер Ванг преминува во технолошкиот гигант
Blog

Meta вложи 14,3 милијарди долари во Scale AI – Александер Ванг преминува во технолошкиот гигант

Објавено June 15, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Компанијата Scale AI, специјализирана за обработка и означување на податоци, потврди дека добила значајна инвестиција од технолошкиот гигант Meta во вредност од 14,3 милијарди долари, со што нејзината вкупна пазарна вредност порасна на 29 милијарди долари.

Според информациите на порталот TechCrunch, Meta стекнала 49 отсто сопственички удел во оваа стартап-компанија, која обезбедува висококвалитетни податоци за тренирање на големи јазични модели – клучна компонента во развојот на вештачка интелигенција.

Како дел од договорот, коосновачот и извршен директор на Scale AI, Александер Ванг, ќе премине во Meta, каде ќе игра водечка улога во развојот на проектите поврзани со вештачка суперинтелигенција.

„Ја продлабочуваме соработката со Scale AI во обезбедувањето податоци за тренирање на нашите AI модели. Александер Ванг ќе ѝ се приклучи на Meta и ќе придонесе во нашите напори за постигнување суперинтелигенција“, соопштија од Meta.

Средствата добиени од инвестицијата ќе бидат искористени за откуп на удели од постојните инвеститори и за проширување на работењето на Scale AI, која останува независна компанија. Со оваа стратегиска акција, Meta се обидува да фати чекор со конкурентите во областа на вештачката интелигенција, како што се Google, OpenAI и Anthropic.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија
Следна Статија „Шок-глетка“ од центарот на Скопје – Каков впечаток ќе добијат туристите кои прв пат доаѓаат?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Моторола ги лансира своите потпис уреди со импресивни можности

Моторола го претставува својот најсофистициран телефон досега, покажувајќи целосна посветеност на технолошката извонредност и иновации.

January 8, 2026
Blog

Технологијата на Цукерберг пристигнува на првата линија на фронтот

Технолошкиот гигант Мета се подготвува да изгради напредни уреди за потребите на американската војска, во рамки на заеднички проект со…

June 1, 2025
Blog

Познато кога ќе биде погребан Саша Поповиќ

Саша Поповиќ, основачот на Гранд продукција, почина денеска на 70-годишна возраст по кратка и тешка битка со тешката болест. Поповиќ…

March 1, 2025
Blog

Површината на Монако се зголемува за три проценти: мегапроект од две милијарди евра

Познат како даночен рај и место за собирање на богатите, Монако има 39.000 жители. Според проценката на американската компанија Најт…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?