Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, вели д-р Злате Мехмедовиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, вели д-р Злате Мехмедовиќ
ЗДРАВЈЕ

Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, вели д-р Злате Мехмедовиќ

Објавено January 8, 2025 17:02
Сподели
Сподели

Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, изјави попладнево за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ. Тој нагласи дека нема простор за паника ниту кај нас, ниту каде било.

Вирусот е стар. Вообичаено циркулира во зимските месеци. Не треба да се очекува дека ова ќе биде новиот Ковид-19 и не треба да се крева паника дека ова ќе биде нешто што повторно ќе се репризира – налик она што беше 2020 година кога се ширеше Сарс-ков-2, потенцираше Мехмедовиќ.

Вакцина за овој вирус не постои, а смртноста е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот. Компликациите од овој вирус, како што додаде, се исклучително ретки.

Вообичеано се кај деца под две години или кај лица со нарушен имунитет, додаде Мехмедовиќ.

Симптомите се како кај грипот – секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови. Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт, преку допир на контаминирани предмети па потоа допирање уста, нос, очи. Вообичаено дава горнореспираторни симптоми, поретко долнореспираторни.

Мехмедовиќ потврди дека засега нема најава за заседавање на Комисијата за заразни болести.

Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ, како што објавија медиумите, кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран. Според грчките епидемиолози и министерот за здравство, нема простор за паника, бидејќи како што објаснуваат, станува збор за вирус познат над 20 години. Грчките медиуми објавија дека мажот се заразил од неговата ќерка која била во Кина на одмор, каде што во моментов постои епидемија на метапневмовирусот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хорор во центарот на Белград: Пронајден фетус во кутија
Следна Статија Кривична за екс началник од Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“

Две недели низ инсулинските аптеки во земјава има недостиг на одреден вид на инсулини и антидијабетна терапија. Пациентите се вознемирени…

April 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Се повлекува адаптирано млеко за бебиња на „Нестле“ од 60 земји, починале две бебиња во Франција

Светот е во паника по одлуката на гигантот „Нестле“ да спроведе едно од најголемите повлекувања на бебешка формула во историјата.…

January 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Педесет нови случаи на грип во државава

Во текот на 19. недела од 2025 година – од 5 до 11 мај, во Република Македонија се пријавени 50…

May 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Кочински од ИЈЗ: Ќе биде прогласена епидемија на заразна болест на подрачјето на Гостивар

Првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово, до денес се пријавени вкупно 140 заболени лица на пријава за заразна болест…

July 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?