Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МФ: Потпишани се договорите со Развојната банка за пласман на 250-те милиони евра за приватниот сектор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МФ: Потпишани се договорите со Развојната банка за пласман на 250-те милиони евра за приватниот сектор
ЕКОНОМИЈА

МФ: Потпишани се договорите со Развојната банка за пласман на 250-те милиони евра за приватниот сектор

Објавено January 31, 2025 20:41
Сподели
Сподели

Се заокружи постапката за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот заем кон компаниите, соопштија од министерството за финансии.

Договорите коишто ги одобри Владата на последната владина седница, се веќе потпишани од страна на Министерството за финансии и Развојната банка на Северна Македонија и во тек е постапката за потпишување на договорите на Развојна банка со деловните банки преку кои ќе се пласираат средстватa кон крајните корисници, односно компаниите. Станува збор за 250 милиони евра кои ги обезбеди Владата за поддршка на приватниот сектор, а кои ќе се пласираат кон крајните корисници по исклучително поволни услови. Односно рок на отплата до 15 години, вклучен грејс период до 3 години, камата од само 1,95%, и без надоместок за одобрување и управување. Средствата, согласно усвоените услови од страна на Владата и потпишаните договори, може да се користат за основни средства од страна на сите компании во сите сектори со исклучок на секторот производство или трговија на алкохолни пријалоци, освен на пиво и вино, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија. Исто така, средствата нема да можат да се користат за рефинансирање на претходни заеми, истакнуваат од МФ.

Со ова се покренува инвестициски циклус во приватниот сектор од над 250 милиони евра имајќи предвид дека корисниците на кредитите треба да учествуваат со 20% сопствени средства во реализација на инвестицијата. Средствата од страна на банките ќе се одобруваат и исплаќаат врз основа на доставена документација, во тарнспарентна постапка, која ќе овозможи и соодветна контрола на искористувањето на средствата, се вели во соопштението на МФ.

Целта на Владата со оваа мерка е да се поддржат што е можно повеќе инвестиции кои ќе придонесат кон забрзување на економскиот раст, додаваат од МФ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Се прошири обвинението против Диди, судот призна нови случаи на силувања
Следна Статија (ВИДЕО) Исфарбале кучиња за да изгледаат како тигри во зоолошка во Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Новиот систем за влез во ЕУ сериозна „главоболка“ за возачите на камиони – Ќе бидат третирани како туристи

Новиот систем за влез во Европската Унија (ЕУ), кој вклучува електронска регистрација и биометрија, може да предизвика големи проблеми во…

October 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел,…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години, смета ЕК

Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се…

November 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар

Денес, од овде-од срцето на Полог-го испраќаме најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а…

May 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?