Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија
ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

Објавено January 25, 2025 11:32
Сподели
Сподели

Македонија доби потврда за политиките од кредитната агенција „Стандард и Пурс“, задржувајќи го кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи. Агенцијата ја нотира определбата на Владата за сеопфатни реформи со цел забрзување на економскиот раст, зајакнување на административните капацитети, борба против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото, велат од Министерството за финансии.

„Во извештајот Агенцијата наведува дека главен приоритет на Владата е стимулирање на економскиот раст и постигнување стапки на раст до 5% преку реализација на големи инфрастуктурни проекти. Агецијата посочува и дека се вложуваат напори и за зајакнување на инвестициите, подобра наплата на даноците, како и зголемување на пензиите и платите за поддршка на граѓаните. Притоа, посочуваат на потребата од спроведување засилена фискална консолидација“, наведуваат од Министерството за финансии.

Со усвоениот Буџет за 2025 година, како што стои во извештајот, дефицитот е проектиран на 4% од БДП. Приходите се очекува да се зголемат за 13%, достигнувајќи 35,7% од БДП, поттикнати од поголемата наплата на даноци и придонеси за социјално осигурување, како и повисоки стапки на економски раст. Расходите ќе забележат раст од 10,3%, што изнесува 40% од БДП, пред се заради повисоките плати во јавниот сектор и социјални трансфери, повеќе средства за здравствена заштита, како и за капитални инвестиции, кои се планирани на 47,2 милијарди денари или 4,2% од БДП. Притисок врз остварување на проектираниот буџетски дефицит според „Стандард и пурс“ може да претставуваат меѓу другото осварувањето на пониски стапки на раст од проектираното, помалата наплата на даноците, сивата економијата, како и згоелмување на трошоците за инвестциите.

Агенцијата наведува дека слабата надворешна побарувачка и ограничена инвестициска активност го ограничија растот на економијата на 2,6% во првите три квартали од 2024 година. Подобрување Агенцијата очекува во 2025 година со раст на економијата од 2,9% и негово стабилизирање на ниво од околу 3% до 2027 година, поттикнати од постепеното закрепнување на надворешната побарувачка и пораст на инвестициската активност.

Агенцијата очекува стапката на инфлација да остане во просек од 3,5% како резултат на растот на цените на храната.

Агенцијата смета дека спроведување на структурните реформи може да донесат значителен напредок за земјата, поддржани од подобрите фискални перформанси, намалување на долгот и силниот економски раст.

„Стандард и пурс“ го оценува кредитниот рејтинг на земјата двапати во годината. Кредитниот рејтинг на земјата се оценува двапати во годината и од страна на „Фич“. Тој претставува клучен инфикатор за потенцијалите инвеститорите при носењето одлуки за инвестирање, а го покажува степенот на ризик од инвестирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крис Павловски: Еден ден го мразат Трамп, тој станува претседател и следниот ден му го бакнуваат задникот
Следна Статија Почина Дражен Далипагиќ – легендата на југословенската кошарка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Суд пресуди дека царините на Трамп се незаконски, тој порача дека царините остануваат

Американски апелациски суд пресуди дека поголемиот дел од царините што неодамна ги воведе претседателот на САД, Доналд Трамп, се незаконски.…

August 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: До крајот на неделава ќе бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит за стопанството

До крајот на неделава ќе бидат целосно дефинирани условите за добивање средства од унгарскиот кредит за стопанството во износ до…

November 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Над 300.000 пензионери пак ќе добијат линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека над 300.000 пензионери повторно ќе добијат линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари со…

January 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Амазон обвинет дека списува производи од независни продавници без дозвола

Жалби од малопродажните трговци пристигаат истовремено додека е-трговскиот џин тужи стартап поради испраќање на ИТ 'агенти' без негова согласност

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?