Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милановиќ или Приморац: Хрватска гласа на вториот круг од претседателските избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Милановиќ или Приморац: Хрватска гласа на вториот круг од претседателските избори
БАЛКАН

Милановиќ или Приморац: Хрватска гласа на вториот круг од претседателските избори

Објавено January 12, 2025 10:40
Сподели
Сподели

На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката  ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.

Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а првите резултати Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти во 19 часот и 30 минути.

Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите.

Државната изборна комисија ги повика гласачите да не се јавуваат телефонски, да не испраќаат СМС пораки или е-пошта, а кандидатите и нивните предлагачи да се воздржат од објавување на нови пропагандни содржини како статуси, видео клипови, слики или коментари на социјалните мрежи или платформи.

Според последната анкета на РТЛ во пресрет на вториот круг од претседателските избори, Милановиќ ќе добие втор мандат на таа функција бидејќи го поддржуваат 62,5 отсто од гласачите, додека Приморац ќе има поддршка од 27,8 отсто од граѓаните, објавија вчера хрватските медиуми.

Анкетата покажува дека 6,8 отсто од гласачите се неопределени, а 2,9 отсто од нив најавуваат дека ќе го поништат гласачкото ливче.

Кога тие бројки ќе се споредат со истото истражување од минатиот месец пред изборите, Милановиќ денеска би требало да освои осум отсто повеќе гласови, а Приморац седум отсто помалку отколку во декември, пишува загрепскиот портал индекс. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Добивале бугарски пасош регистрирани на непостоечки адреси, празни ниви, бандери…
Следна Статија (Видео) Се шират пожарите во Лос Анџелес, бројот на загинати се искачи на 16

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик: Специјалци од Британија се испратени во БиХ за да ме убијат

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека војници, припадници на специјалните сили од Велика Британија биле испратени во Босна…

April 20, 2025
БАЛКАН

Санкциите им пресудија: Ќерката на Додик го затвора ресторанот откако беше ставен на црната листа на САД

Ќерката на претседателот на Република Српска Милорад Додик, Горица Додик, на социјалната мрежа Х објави дека нејзиниот ресторан Агапе се…

January 18, 2025
БАЛКАН

ДЕЛЧЕВ ГО ПИШАЛЕ БУГАРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР: Бугарски активисти во Грција без дозвола поставиле спомен плоча

Бугарски активисти и националисти деновиве поставиле спомен-плоча посветена на македонскиот револуционер Гоце Делчев во селото Баница, денешно Кариес, во близина…

June 24, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) „Три работи не можеш да предвидиш: Бог, сексот и ЕУ“, вели Рама на прашањето кога ќе станат членка

Албанскиот премиер Еди Рама со одговор во свој стил кога на Самитот за Западен Балкан во Црна Гора новинарите му…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?