Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милевски: Група што носи надеж
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Милевски: Група што носи надеж
СПОРТ

Милевски: Група што носи надеж

Објавено December 13, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2026 година. На патот до Канада, Мексико и САД на Македонија и стојат Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Македонија ќе биде фаворит во дуелите со Казахстан и Лихтенштајн, а впечатокот е дека може да игра со фаворитот Белгија и Велс.

„Извлекувањето во Цирих ни носи надеж. Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман.
Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.

Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин.

Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата.

За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување, изјави за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија, селекторот Благоја Милевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти
Следна Статија Андоновски: Во нашата визија нема простор за корумпирана држава, за тоа повеќе нема ниту време, ниту пари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонските ракометари отпатуваа за Швајцарија

Машката македонска ракометна репрезентација во раните утрински часови отпатува за Швајцарија, каде од утре до сабота ќе учествува на „52.то…

January 7, 2026
СПОРТ

Годините се само бројка, класата е вечна: Роналдо со „ножички“ ги потопи Полјаците (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо продолжува со извонредните настапи на 39-годишна возраст, откако ветеранот со два гола ја предводеше Португалија до триумф од…

November 16, 2024
СПОРТ

Елиф Елмас на излезна врата од Лајпциг, не прифаќа нова позајмица

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, најверојатно ќе го напушти германскиот Лајпциг во летниот преоден рок, пренесува угледниот германски спортски магазин…

July 11, 2025
СПОРТ

Младите македонски кошаркари подобри од Германија во Баскет 3х3

Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?