Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милевски останува селектор на македонската фудбалска репрезентација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Милевски останува селектор на македонската фудбалска репрезентација
СПОРТ

Милевски останува селектор на македонската фудбалска репрезентација

Објавено December 22, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација со актуелниот селектор Благоја Милевски ќе ги почне мартовските квалификации за пласман на Светското првенство 2026.

Ова доаѓа откако новоизбраниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ изјави денеска дека Милевски, засега, останува на селекторската должност.

– Во овој момент не размислуваме за промена на селекторската позиција. Реалноста е дека, и покрај кризата во играта, ние завршивме како први во групата, што е значаен успех. Нема да преземам никакви нефудбалски потези кои можат да ја нарушат стабилноста на тимот – изјави Омерагиќ.

Тој најави дека иднината на Милевски ќе зависи од постигнатите резултати.

– Нашата репрезентација има важни квалификации во март, и сè ќе зависи од резултатите и квалитетот на играта понатаму. За сите во фудбалот, па и за мене истото ќе важи и за селекторите – а тоа се резултатите. Во моментов Милевски е селектор на А-репрезентацијата и не планирам во тој поглед никакви промени. Нормално дека во иднина сè ќе зависи од резултатите и игрите кои ќе ги прикажат репрезентативците – рече Омерагиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Масовни протести во Белград (ВИДЕО)
Следна Статија За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда

Околу 100.000 евра се собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда одигран пред осум дена на Арената „Тодор Проески“…

April 24, 2025
СПОРТ

Вардарци во вторник со Монпеље, во четврток со Еурофарм за титулата

Поради европските настапи на Вардар во Лигата на Европа и дуелите со францускиот Монпелје, „црвено-црните“ нема да играат викендов во…

April 30, 2026
СПОРТ

Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата

Еурофарм Пелистер го декласира Алкалоид со 33:20 (16:11) и доколку не се случи нешто непредвидено во последните три кола од…

February 25, 2025
СПОРТ

Мукаетов: Алкалоид ги исполни сите барања како организатор, се надеваме на одлука според важечките правилници на ЕХФ

Творецот на РК Алкалоид, Живко Мукаетов денеска се огласи на својот Инстаграм профил. Генералниот директор на Алкалоид АД Скопје им…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?