Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа
ПОЛИТИКА

Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа

Објавено November 12, 2024 11:00
Сподели
Сподели

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој зборуваше за повеќе теми од кои фокусот го стави на многуте остварени локални проекти од страна на Владата, но и на евроинтегративниот процес како актуелна тема.

„Прво сметам дека не е целата енергија насочена кон евроинтегративниот процес, еве би одел и со тој дел, за прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа, значи Македонија во следниот период на шест, седум, осум месеци на локално ниво ќе биде едно мало градилиште, сето тоа ќе го видиме, најавите се добри“, изјави Милошоски.

Во оваа емисија пратеникот Милошоски истакна дека можностите кои ги направил ВМРО-ДПМНЕ се од голема корист за општините, за подобар развој во иднина, со оглед на тоа каков буџет е наследен од претходната власт, и дека оваа Влада им нуди помош и проекти кои ќе придонесат да има подобри услови за живот на граѓаните во целост.

„Дел од општините во Македонија и навистина немаат толку многу ресурси за да направат нешто многу самите ова од страна на Владата сметам дека е добар потег и солидарен и продуктивен. Буџетот беше во една голема дупка сега е веќе консолидиран, заемот со Унгарија исто така се преговараше и се стигна до одредена цифра која што треба да биде од голема помош за Македонија“, посочи Милошоски.

Покрај ова пратеникот се осврна и на евроинтегративниот процес како актуелна тема и наведе дека како и на домашно поле така и во оваа област се гледа напредокот на Владата и успешното раководење во изминатите месеци.

„Се гледа дека оваа Влада за разлика од претходната има добри релации во Европа и Вашингтон, со разните средби од кои и средбата со Макрон. Разговараме за навистина вложени напори од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ја подобри позицијата на Македонија на меѓународната сцена“, заклучи Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две нови инвестиции тешки 8,5 милиони евра кои отвораат 240 работни места
Следна Статија Запален покрив на барака во Бутел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Чупеска: Ветувањата за правда и правдата за неправедно осудените, останаа само празни зборови

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“ изјави дека во Македонија…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

Левица: Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

Касами: Али Ахмети им ги даде имотите на Српската банка

„Али Ахмети со неговата фамилија продава имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Али Ахмети, ни ветуваше основање на…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчковски: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал за сомнителни тендери. Преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до АКТ граѓани…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?