Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минчев: Неопходни се гаранции, во ЕУ сакаме да влеземе со дигната глава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Минчев: Неопходни се гаранции, во ЕУ сакаме да влеземе со дигната глава
ПОЛИТИКА

Минчев: Неопходни се гаранции, во ЕУ сакаме да влеземе со дигната глава

Објавено October 19, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во емисијата „Трилинг“ на ТВ24,  дискутираше за актуелните прашања во врска со европските интеграции на Република Македонија, промените во Уставот, како и новите законски решенија за правична застапеност.

– Нема сила која може да го натера македонскиот народ да каже дека постои од 1945 година. Нема сила која може да го натера македонскиот народ дека има заедничка историја со Република Бугарија. Нема Македонец кој може да прифати дека Гоце Делчев е Бугарин. Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ, но таму сакаме да влеземе како и сите други – со дигната глава, според Копенгхашките критериуми, базирани на европските начела за еднаквост и рамноправност, бидејќи досега Македонија во рамки на 30 години постоење, направи доволен број на отстапки и жртви. Потенцираше дека се неопходни гаранции од ЕУ, дека внесувањето на бугарскиот народ во Уставот ќе биде последното барање, истакна тој.

Во врска со „Балансерот“, министерот изјави дека тој бил предмет на злоупотреба.

– Ние како министерство, од самиот почеток укажувавме на таа злоупотреба и нашиот став беше дека тој треба постепено во фази, како дигитална алатка, да биде укинат. Тоа го направи Уставниот суд. Гаранција за етничката припадност и нивното вработување во јавната администрација не може да биде ниедна институција, ниту било кој државен орган. Јас тука тргнувам обратно, сосема по друг пристап. Значи гаранцијата за секое вработување на припадниците на сите етнички заедници, мора да се темели на стручност, знаење и квалитет. Можноста да конкурира секој за секое работно место е уставно право, додаде Минчев.

На прашањето за можните граѓански немири, тој додаде: Тоа е еден популизам од страна на опозициската партија ДУИ. И повторно ќе се навратам, зошто немаше тензии од 2001 до 2015 година. Постоеше ли тогаш „Балансер“? Не.

“Ова што го прави ДУИ, кој постојано го држи општеството во тензија дека нешто ќе се случи, дека ќе се протестира, дека ќе се наруши безбедноста, го нарекувам со работен наслов „ДУИ против ДУИ“. Во рамки на Националната стратегија за реформи на јавната администрација за 2023-2030 година, ДУИ и нивните министри во тогашната Влада констатираа дека “Балнсерот” се злоупотребува и донесоа одлука дека тој треба да биде укинат.” – изјави на крајот министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО I Во Јапонија со молотови коктели нападнато партиско седиште, удар и на канцеларијата на премиерот
Следна Статија Евакуирана и затворена Зоо Скопје, пронајден „птичји грип“ кај гуска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Собраниското обезбедување спречило инцидент помеѓу Апасиев и Ристески

Изразената нетрпеливост помеѓу двајцата пратеници од Левица и ВМРО-ДПМНЕ - Димитар Апасиев и Петар Ристески денеска повторно дошла до израз…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење.…

August 18, 2025
ПОЛИТИКА

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки,…

January 11, 2026
ПОЛИТИКА

Средба на Мицкоски со претставници на Вреди вечерва во Владата

Вечерва во Владата се одржува средба на премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен), објавува…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?