Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минчев поднесе претставка за дискриминација при вработување во Општина Липково
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Минчев поднесе претставка за дискриминација при вработување во Општина Липково
МАКЕДОНИЈА

Минчев поднесе претставка за дискриминација при вработување во Општина Липково

Објавено January 3, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од село Липково.

Во претставката, соопштија денеска од Министерството за јавна аадминистрација, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време.

Според огласот, критериумите за вработување вклучуваат етничка припадност, се подвлекува, што е во спротивност со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работните односи и Правилникот за задолжителните елементи на јавните огласи.

Ова е директно нарушување на принципите на еднаквост и недискриминација. Законот е јасен – вработувањата во јавниот сектор треба да се базираат на квалификации, компетенции и транспарентност, а не на етничка или друга дискриминаторска основа, истакнува Минчев.

Како министер, но и како граѓанин, се укажува во соопштението, Минчев посочи дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата во институциите и ги охрабрува граѓаните да се борат за почитување на своите права.

Должни сме да изградиме праведен систем кој функционира подеднакво за сите. Политичката волја за почитување на законите мора да биде основен принцип на секоја јавна институција. Само така можеме да создадеме силна и правична држава, нагласува Минчев.

Претставката до Државниот инспекторат за труд е поднесена со цел да се утврди дали во конкретниот случај постојат основи за прекршување на законите. Минчев повика инспекторатот да спроведе темелна истрага и да информира за преземените мерки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие хороскопски знаци ќе пливаат во пари годинава
Следна Статија Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Европските лидери да пронајдат креативно решение за Македонија, бара претседателката на државата

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова ја поздрави засилената дипломатска активност на Владата во однос на САД по посетата на Македонската…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крстевски: Кочани будно ќе го следи судењето, не дозволуваме „тргување“ со жртвите

Моменталната состојба во Кочани не е ништо подобро отколку од деновите после несреќата. Напротив, таа се влошува, бидејќи на некој…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

По години опозиција, станавте една од најуспешните политички сили во Европа – порача Орбан во видеообраќање од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

По долги години опозиција, ВМРО-ДПМНЕ сега стана една од најуспешните политички сили во Европа. Ова е пораката што во видеообраќање…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски објави системски мерки за намалување на загаденоста на воздухот

„Свесен сум дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми што секојдневно го чувствуваме. Честопати се срамам кога гледам…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?