Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански
МАКЕДОНИЈА

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Објавено December 26, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од ДУИ дека нема да дозволи политички притисоци да го прекршат законот и ја подвлече заложбата на Министерството за јавна администрација за спроведување на реформите базирани на законска основа и транспарентност.

Господине Беџети, апсолутно Ве разбирам дека мора да отворате теми од етнички карактер, имајќи ја предвид состојбата на Вашата партија и коалиција. Разбирам дека ова е нужно во контекст на напуштањето на Вашите коалициски партнери од европскиот фронт, раслојувањето на членството на ДУИ во коалицијата ‘ВРЕДИ’, како и преминот на многу од нив во други политички структури. Исто така, ја разбирам потребата да отворате теми заради актуелните состојби со Вашите функционери кои се наоѓаат на црната листа на Стејт департментот.“ – изјави министерот Минчев.

Во однос на дигиталната алатка „Балансер“, Минчев појасни:

Балансерот беше дигитална алатка воведена во 2015 година како дел од имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Сепак, со одлуката на Уставниот суд од 2024 година, оваа алатка е укината. Мојот став е дека Балансерот, кој требаше да овозможи правична застапеност, беше злоупотребуван за политички цели. Министерството под мое раководство направи корекции за да се врати правичната примена согласно Законот за вработени во јавниот сектор, кој строго предвидува почитување на етничката застапеност врз основа на последниот попис.“

Министерот Минчев потенцираше и примери за злоупотреби во именувањата на вработените:

„Агрон, Фатмир и Исмет беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански, а Зоран како бошњачко име – што се само дел од еклатантните злоупотреби на Балансерот.“ – истакна тој, додавајќи дека министерството за јавна администрација останува посветено на обезбедувањето правична застапеност и професионализација на јавниот сектор, во корист на сите граѓани на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички – за ова ќе има одговорност!
Следна Статија Уапсен директорот на „Ритрон Копи“, фирмата која ѝ продаваше телевизори на Лотарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина

На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Вкупниот број на хоспитализирани е 117, a 13 се испратени на лекување во странство

Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека сите пациенти повредени во трагедијата се згрижени и се во стабилна, релативно добра…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 15 до 500 евра: МВР ги објави казните од „Безбеден град“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекциски контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?