Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерствата и општините потрошиле два милиони евра на адвокати за една година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерствата и општините потрошиле два милиони евра на адвокати за една година
МАКЕДОНИЈА

Министерствата и општините потрошиле два милиони евра на адвокати за една година

Објавено December 12, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Општините и министерствата заедно во 2023 година потрошиле повеќе од 2 милиони евра за адвокатски услуги. Од општините, Град Скопје и Гази Баба предничат во исплатените суми за адвокати, додека кај министерствата тоа се Финансии (за функции на државата), па Правда и Труд.

Ова го покажува последното истражување на Центарот за граѓански комуникации.

Сите општини и Град Скопје, во 2023 година исплатиле 1,1 милион евра за адвокати по разни основи. Најчеста основа е за „правни услуги“, потоа „трошоци по извршни исправи“ и „плаќања по судски решенија“. 40% од исплатената сума е за адвокати кои општините сами ги ангажирале, додека останатите 60% се за исплатени адвокатски услуги по други основи како извршни исправи, судски решенија итн.

Истражувањето покажува дека речиси иста сума 1 милион евра во 2023 година потрошиле и министерствата.

Од 81 единица на локална самоуправа, 72 имале исплати за користење на адвокатски услуги во 2023 година, додека општините Босилово, Валандово, Градско, Делчево, Зрновци, Јегуновце, Карбинци, Липково и Пласница не користеле услуги на адвокати, ниту исплатиле адвокати врз други основи.

Една четвртина од општините исплаќаат месечен паушал на некој адвокат, во ист или приближно ист износ.

Целиот текст прочитајте го тука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Производите на прехранбените гиганти поттикнуваат зависност кај децата, поднесена тужба во САД
Следна Статија Новиот кум и здравичарот за Бадник во Скопје велат чувството е убаво, возбудата е голема, радоста е уште поголема

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

Tоа ќе биде од големо значење за нас како држава, за Македонија како целина, бидејќи на тој начин ќе ја…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП

Според последните информации од терен, скандалот во ЈСП се продлабочува. Активирана е и Финансиската полиција. Во врска со проблемот со…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје добива „паметен зелен бран“ – изгласан буџет од 25 милиони денари

Советот на Град Скопје изгласа буџет од 25 милиони денари за воведување на „паметен зелен бран“ за синхронзиирање на сообраќајот…

January 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ако ви се падне паричката од лепчето за Бадник- направете го ова и ќе имате среќа до следниот Божиќ

Со векови лепчето за Бадник е традиционално кое домаќинките во Македонија го подготвуваат за Бадник. Неизоставен дел од лепчето е…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?