Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Голема идеја – основа за трансформација на земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Миноски: Голема идеја – основа за трансформација на земјата
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Голема идеја – основа за трансформација на земјата

Објавено January 26, 2025 13:47
Сподели
Сподели

Она што на Македонија ѝ недостига за успешно завршување на болниот процес на транзиција е голема идеја – визија која ќе ја диференцира нацијата и ќе ја направи препознатлива на светската сцена. Историјата покажува дека најуспешните мали нации кои постигнале трансформација и спровеле длабоки реформи, го направиле тоа преку ваква обединувачка идеја, смета поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.

Примери за идеи на основ на кои се трансформира општеството и економиите:

Естонија: Големата идеја за дигитализација ја претвори оваа мала нација во лидер на Европа во користење дигитални алатки, креирајќи препознатлив бренд кој привлекува инвестиции и иновации.
Сингапур: Борбата против корупцијата и изградбата на високоефикасна администрација го поставија темелот за економскиот просперитет на државата.
Ел Салвадор: Воведувањето на биткоинот како официјална валута, заедно со инвестиции во крипто-инфраструктура, го стави Ел Салвадор на мапата како пионер во алтернативни економски модели.
Аргентина (Милеј): Визијата за стопирање на инфлацијата, намалување на државната администрација и даноците ја враќа довербата во пазарната економија.

Што значи големата идеја за Македонија?

За Македонија, големата идеја би требало:

  • Да биде визија која ќе ги мобилизира граѓаните и ќе инспирира доверба во реформите.
  • Да отвори економски приказни кои ќе бидат конкурентни на глобалната сцена.
  • Да понуди автентичен идентитет кој ќе биде препознаен дома и надвор.

Можеби тоа би било целосна дигитализација на државата, равој на зелена економија и одржлив развој или развој на иновативни технологии. Или пак, идеја која ќе го интегрира регионот преку енергетска независност или образование. Она што е важно е дека оваа визија мора да биде јасна, храбра и прифатена од сите.

Големата идеја е повеќе од економска стратегија – таа е основа за нов национален наратив и идентитет. Време е Македонија да ја пронајде својата! пишува Миноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Порно ѕвезда нуди бесплатни услуги за пожарникарите од Лос Анџелес за нивниот труд околу пожарите
Следна Статија Гувернерката Ангеловска-Бежоска очекува наскоро да биде одобрено нашето членство во СЕПА од Европскиот совет за плаќања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка

Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

18-годишниот син на Венко Филипче стана бизнисмен

Синот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ќе се испрoба во трговијата со конфекција, според јавно достапните информации, кои покажуваат…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во соседните држави се транспортираат 27 повредени од пожарот во Кочани

Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“ денеска започнува судењето за случајот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?