Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме

Објавено November 9, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Од кога јас сум министер, ситуацијата која ја затекнав во министерството беше неисплаќање по колективен договор од претходното раководство, а истото тоа можеле да го направат, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервју за ТВ 21.

-Обезбедени се средства во буџетот и се исплаќаат испратнини на сите професионални војници со навршување на 45 години старост и тоа се две просечни плати во Македонија, за секоја година поминат стаж во армијата. Овие суми се движат од 20 до 30 илјади евра. Исто така обезбедивме средства за исплата на опремнини за пензионирање во висина од 15 нето плати на сите вработени во министерството и армијата, истакна Мисајловски.

Тој потенцираше дека со платата во месец август исплатени се обврските од новиот колективен договор, како што е додаток плата на посебен степен на образование кое претходно не било исплаќано, додаток на 10 проценти на плата за учество во комисии, додаток од 10 проценти на плата за овластување, зголем обем на работа од 15-30 проценти со уредба на влада.

Мисајловски најави дека потпишал документ со кој ќе бидат наградени над 300 припадници на армијата кои биле вклучени во гаснењето на пожарите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Франција запленети 1,2 милиони евра, уапсени 15 осомничени за трговија со дрога
Следна Статија Барселона од „Најки“ го добива најголемиот договор во историјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Каја Калас најави механизми за одблокирање на македонските евроинтеграции

Има простор да се најдат механизми за да се одблокираат преговорите на Македонија за членство во ЕУ, најави денеска високата…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството постапува во врска со евентуално кривично дело поврзано со отпадот во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски од денеска во работна посета на Брисел

Во рамки на посетата вицепремиерот Александар Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најстудено утрово во Скопје -2, во текот на денот од 7 до 13 степени

Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови –…

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?