Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски за враќањето на воениот рок: Мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, но засега како Влада тоа не го дискутираме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски за враќањето на воениот рок: Мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, но засега како Влада тоа не го дискутираме
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски за враќањето на воениот рок: Мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, но засега како Влада тоа не го дискутираме

Објавено October 4, 2024 14:55
Сподели
Сподели

Министерот за одбрана Владо Мисајловски одговарајќи на прашањето за враќање на воениот рок истакна дека мора да се разгледаат сите аспекти.

Пред да влеземе во оваа идеја, треба да има една широка дискусија, рече тој.

Но, засега како Влада тоа не го дискутираме. Ако ме прашувате лично мене, јас мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, додаде Мисајловски.

Според него треба да се гледаат реалните состојби во Македонија.

Многу касарни биле дадени на општините, дел од имотот исто така е даден. Треба да се разгледаат сите безбедносни предизвици, посебна анализа да дојде од сите безбедносни структури, посебно од Генералштабот па потоа да се размислува на вакво прашање. Пред да влеземе во ваква идеја треба да ги разгледаме сите можности, предизвици со кои би се соочиле и потоа да дискутираме за тоа. Но лично мене ако ме прашате, се разбира дека е убаво и за младиот дух и за секој еден човек, бидејќи на тој начин се идентификуваат и како постабилна личност. Тоа е одлично за размислување но во овој момент тоа не го разгледуваме – истакна Мисајловски од армискиот полигон Криволак, каде заедно со премиерот Христијам Мицкоски и амбасадорката на Соединетите Држави Анџела Агелер присуствуваа на денешната методско-показна вежба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на вашите цели
Следна Статија Најскапиот квадрат во Србија се продава во комплексот „Белград на вода“- 9.125 евра, најскапиот стан продаден за 955.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска-Давкова: Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала

Многу пати сум рекла дека мирот и нашата безбедност, во најголем степен зависат од нашите вооружени сили. Убаво е да…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зaпреа американските пари за невладините во Македонија

Амбасадата на САД од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почуствуван силен земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, вечерва во 22.05 часот, беше почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран на…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема

 Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ - Западен…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?