Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот
МАКЕДОНИЈА

Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот

Објавено January 7, 2025 13:40
Сподели
Сподели

Денес се роди оној кој ја носи љубовта во својата суштина, и мирот во своето битие, се роди Христос нашиот Бог и спасител, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

На утринската архиерејска Божествена Литургија што се одржа во храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола, митрополитот г. Петар посочи дека Христовото раѓање во скромната Витлеемска пештера е доказ за неограничената Божја љубов кон човечкиот род.

Светот, кој постојано потонува во неслога и војни, денес е повикан да се сети дека љубовта е неговото вистинско постоење. Вашите мисли нека бидат како благопријатен темјан, вашите зборови како злато, а вашите дела како миро принесено на оној што ни донесе живот вечен. Да ја славиме Божиќната радост не само во деновите на празникот, туку и во секој миг од нашиот живот, порача митрополитот г. Петар.

Пред верниците во Битола меѓу кои беше и градоначалникот Тони Коњановски, митрополитот г. Петар нагласи дека денешниот настан е еден од најголемите чудеса на Божјата љубов, Бог, кој го создаде светот.

Христос не доаѓа да владее, туку да служи, не доаѓа да се издигне, туку да се понижи. Таа Божја љубов, не се открива во величината на неговото божество, туку во понизноста и болката на неговото човечко постоење, истакна утрово во храмот Свети Велиомаченик Димитриј, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дранго ќе биде разрешен ако се потврдат тврдењата за убиството на мечката, најави Мицкоски
Следна Статија Од PayPal до SpaceX: Како Илон Маск ја изгради својата империја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зоран Попов e нов в.д. директор на ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 ден поради птичји грип. Од денеска Зоран Попов е именуван за в.д.…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Eвропските вредности на Заев и Димитров: По Центарот за македонски јазик, Грција забрани и фестивал на Македонците

Седум години по потпишувањето на Договорот од Преспа излегуваат на виделина „придобивките’“ од она што го договорија Заев и Ципрас…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Првото бебе во 2025 година е машко – се роди минута по полноќ во Скопје!

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. - Се…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?