Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Објавено November 12, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе, и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Коментирајќи го соопштението на ДУИ дека власта ги уништува сите досегашни постигнувања во државата и ако се допре законот за јазиците, сите Албанци ќе бидат на нозе, премиерот Мицкоски посочи дека тоа е дел од реториката на опозицијата која нема да може да предизвика нестабилност.

-Се навикнавме на изјавите на Али Ахмети да биде фактор на нестабилност, со воинствената реторика да повикува на немири и нестабилност, но тоа што го кажува не мислам дека може да предизвика нестабилност бидејќи Албанците, но и сите граѓани во Македонија се свесни за сето она што лично го направи тој и тие неколкумина околу него во изминатите повеќе од дваесет години додека беа власт. Претпоставувам пораката се однесува на истите оние уставни судии кои што тој во Речица и оние на Бихаќка ги поставија во Уставен Суд. Законот за употреба на јазиците е во Уставниот Суд, а ако се погледне, таму се луѓето кои излегоа во тефтерчето од Речица и на Бихаќка. Претпоставувам дека притисокот врз тие луѓе продолжува и се бара некоја преносна структура да ја пренесе пораката. Не мислам дека ова е нешто сериозно, но тој продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, истакна Мицкоски.

За претседателот на Владата неприфатлив е ставот на ДУИ дека премиерот им се заканува на опозиционерите злоупотребувајќи ја државната позиција.

-Политичките криминалци треба да се загрижени. Соопштението на ДУИ се однесува на мојата вчерашна изјава дека обвинители кога ќе треба да реализираат акција против криминалци кои што беа дел во претходните 7 години власт, тие тогаш добиваат стомачен вирус, температура, настинка…Поентата е работата да се заврши во истиот ден. Претпоставувам затоа се вознемирени бидејќи тие се навикнати на обвинителите да им седат на глава. Вознемирени се и нормално е што упатуваат такви пораки. Инаку јас никому не се заканувам, бидејќи тоа не е дел од мојот карактер и се што правам, правам без закани, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип
Следна Статија (ВИДЕО) Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, девизи и разна стока

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови

Имајќи ја во предвид чувствителноста на прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавната стабилност, како и појавата на лажните информации,…

December 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

СДСМ веќе го започна процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори ширум државата, рече претседателот Венко Филипче денеска…

May 4, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ најави кривична пријава за пратеничката од Вреди Имрлијe Салиу-Фетаи

Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека е поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „ВРЕДИ“ за како…

March 14, 2025
ПОЛИТИКА

„Нема учебници за учениците“, СДСМ бара оставка од Јаневска

Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици. Ова е најдобар доказ за целосната…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?