Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени, ама ако изгуби опозицијата…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени, ама ако изгуби опозицијата…
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени, ама ако изгуби опозицијата…

Објавено November 20, 2024 12:20
Сподели
Сподели

На локалните избори ќе видиме каков ќе биде резултатот на опозицијата и ако биде добар, а ние како Влада бидеме поразени, веднаш ќе побарам распуштање на Парламентот и организирање предвремени парламентарни избори, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Во интервјуто за Радио Телевизија Косово, Мицкоски посочи дека разликата во рејтинзите како партии е 5:1, а во однос на личните рејтинзи со лидерот на опозицијата 10:1.

Локалните избори што треба да се одржат догодина за неполни десет месеци, според Мицкоски, се првиот тест.

Не е проблем да одиме на избори, бројките ќе бидат исти, можеби и полоши. Оваа Влада има легитимитет за четири години да го испорача тоа што го ветила кај граѓаните, но ако е потребно да се оди на избори и ако сметаат дека треба да се оди на избори, ние уште утре сме подготвени да одиме на избори. Догодина, за нецели десет месеци имаме локални избори. Тоа е првиот тест. Ако на локалните избори добиеме црвен картон од граѓаните веднаш свикуваме предвремени парламентарни избори, но ако добие опозицијата, конечно нека се реорганизира, вели Мицкоски.

Прашањето за предвремени парламентарни избори се покрена откако лидерот на опозицискиот СДСМ Венко Филипче од собраниската говорница за време на седницата за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да го врати мандатот затоа што не ги исполнил ветувањата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов шок потег: Родителите на монструмот Коста немаат намера да се појават на суд
Следна Статија Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Не помина интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоилковиќ

Собранието со седум гласа „за“ и 52 „против“ ја отфрли интерпелацијата за првиот потпретседател на Владата и министер за односи…

January 10, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Филипче да одговори дали со народни пари префрлани во Жан Митрев, сакал полесно и поевтино да ја преземе клиниката?

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „Со секој изминат ден, се повеќе излегува на површина вистинското…

January 23, 2026
ПОЛИТИКА

Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите“ а водевте вазални политики, нема повеќе вработувања по етнички клуч

Во вечерашното издание на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ гостуваше, Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, и изрази силна…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Куновска: Постои притисок од граѓаните да се кандидирам за градоначалник на Центар

Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но се уште не…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?