Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда

Објавено November 11, 2024 21:20
Сподели
Сподели

„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив. Не очекувам дека ќе биде лесна во обвинителството и во судството. Затоа што нивната цел, да дадат сѐ од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии, да ги заштитат, добива епски размери. И јас ова го зборував на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања. Често пати во изминативе еве, речиси пет месеци од како сме Влада, се случува да некој од обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци коишто беа симбол на едно минато владеење седум годишно коешто не треба да ни се повтори.

Јас не верувам дека оваа борба ќе биде кратка. Оваа борба ќе биде долга, исцрпувачка, бидејќи се тие жилави. Тие инсталации се жилави, малкумина се, да се разбереме, не се многу. Малкумина се во обвинителството и судството сеуште слепи послушници на претходната Влада од СДСМ и ДУИ, но можам да ви кажам дека ќе победиме. А тоа што сум го кажал, тоа и сум го направил. На крај ќе победиме и тие ќе бидат поразени. Македонските граѓани ќе добијат правда, онаква каква што заслужуваат, а не неправда од страна на малкумина октруирани послушници на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, коишто во последен момент секогаш добиваат стомачни напади, вируси, главоболки и температура кога треба да се дејствува против, за жал, криминалците кои беа симбол на едно погрешно владеење седум годишно“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Антикорупциска комисија која остро реагира дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни на Законот за спречување на корупција и има судир на интереси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајдени 17 мигранти од Сирија, еден бил повреден
Следна Статија Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари ги посети пациентите од трагедијата на Кочани во болницата “Чам и Сакура“ во Истанбул

Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, придружуван од претставници на Конзулатот на Северна Македонија во…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина: „Која точно порака треба да ја сфатиме од несобирањето на ѓубрето и за што точно сме казнети?“

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина во објава на Фејсбук реагираше за несобирањето на отпадот низ Скопје и која точно порака треба…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

До 17 часот гласале 39,28% од избирачите

На ниво на држава, до 17 часот излезеноста е 39,28 проценти односно вклупно гласале 279.241 гласач од 96,94 проценти на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи

Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?