Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Апасиев: Потпишуваш амандмани со Северна, од истата земаш плата и ја финансираш партијата, додека уживаш на егејските плажи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски до Апасиев: Потпишуваш амандмани со Северна, од истата земаш плата и ја финансираш партијата, додека уживаш на егејските плажи
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Апасиев: Потпишуваш амандмани со Северна, од истата земаш плата и ја финансираш партијата, додека уживаш на егејските плажи

Објавено October 31, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање од пратеникот Димитар Апасиев му порача дека од истата држава со новото уставно име тој зема плата, ја финансира партијата, но и истата Апасиев и неговите сопартијци ја потпишуваат кога поднесуваат амандмани во Собранието.

„Сериозно е дека фактот дека водиме држава, од истата таа држава од која ти земаш плата и добиваш финансирање на твојата партија и од која бараш документи за да ја интабулираш за да земеш кредит и да купиш нов деловен простор во центарот на главниот град за партијата Левица. Во меѓувреме ќе се подновиш со ново возило, ќе уживаш во комфорот“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски му посочи на Апасиев дека песничката за Северна Македонија е од 2019 година и да не се расфрла со лаги и измислици, бидејќи со нив нема да стигне далеку, затоа што тие малкумина кои му веруваат при секои избори по една голема група си заминува од Левица и преминува во ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии и така е во неколку општини низ Македонија.

„Мирно да спиеш и да уживаш во парите кои ги добиваш од овој буџет, оваа влада да уживаш во плажите на Егејското море, и можам да ти кажам дека никаде во Преспанскиот договор не е забрането на придавката македонски, ниту на Македонија, тоа е регулирано во членот 7, став 2 и 3 и може конечно да се сложиме дека и ние имаме право на употреба на придавката „македонски“ и тие имаат право. И ние ја користиме Македонија и тие имаат право. Но, има една разлика, овие со кои си во коалиција прифатиле сите државни институции кои имаат државно финансирање да не може да бидат повеќе македонски“, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека при секоја негова изјава, интервју, па сега додека се обраќа користи Македонија и македонски за кои се бори.

„И никогаш нема да зборувам работи кои се невистинити или работи со кои ќе манипулирам за да добијам евро повеќе за да ги потрошам на плажите во Егејско море како што ти правиш. Халкидики патриоти знам многу, но тука има луѓе кои се борат и ќе се борат за еден заеднички интерес тоа е интересот нас нашата заедничка татковина и сите граѓани од различни етнички припадности кои си ја сакаат својата татковина Македонија“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени
Следна Статија Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за НашаМакедонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски оценидека…

May 11, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ останува без портпарол – Бујар Османи ќе заминува во Турција?

Во ДУИ во моментов владее една хаотична атмосфера, која уште повеќе се влошила по бегството на Артан Груби кој во…

January 24, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

Не стивнуваат реакциите по изгласувањето на Деталниот урбанистички план во Куманово за просторот кај поранешен ЧИК Куманово, каде што треба…

May 7, 2025
ПОЛИТИКА

Попов: Го поднесовме Законот со кој секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за таблет, компјутер или лаптоп

Денеска заедно со моите колеги го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери со кој секој студент на додипломски студии,…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?