Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

Објавено November 18, 2024 16:55
Сподели
Сподели

Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи, каде што има отсуство на реални идеи кои  решаваат реални проблеми за реалните потреби на граѓаните. Тогаш тие не знаат како да привлечат внимание и на тој начин преку политички егзибиоцинизам се одлучуваат даанимираат публика, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката пресконференција со косовскиот премиер Албин Курти.

Ние сме тука, додаде тој одговарајќи на новинарско прашање, да разговараме за транспортни, економски, за образование итн. Тоа е она што не поврзува и што во иднина треба да додаде вредност во квалитетот на живот на нашите сограѓани. Многу беа инспиративни говорите на членовите на двете влади. Точни, прецизни со јасни поставени цели и очекувам во иднина така и да продолжиме да функционираме, рече Мицкоски.

Косовскиот премиер Курти рече дека не верува дека меѓуетничките разлики создаваат конфликт, туку дека може да има политички центри кои ги користат етничките разлики.

-Јас не верувам дека меѓуетничките разлики создаваат конфликт. Може да има политички центри кои за власт, за хегемонија, за доминација, за репресија ги користат етничките разлики, но етничките разлики како такви не произведуваат конфликт и секаде на Балканот ги имаме работејќи, граѓаните од различни етнички потекла, соработувајќи, тргувајќи, студирајќи заедно…И јас не верувам дека во нашиот Балкан има такви аспекти кои можат етничките разлики да ги направат конфликтни, може да има желби но, не верувам дека има етаблирани концепти како што беше во минатиот век кога и се експлоатираа посебно од официјален Белград меѓуетничките разлики за да се предизвикаат крвави војни во регионот кој има за цел голема Србија од таа се помала Југославија, рече Курти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
Следна Статија „Свака би фукара да убие вука: Штекли прати порака од авион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Регистрирани 65.000 прекршоци за 12 часа со „Безбеден град“

Денеска од СВР Скопје го означивме стартот на пробниот период на системот „Безбеден град“ (Safe City), во првите 12 часа…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за одлуката на судот во Стразбур: Мораме да се срамиме поради малкумината судии кои го контаминираат нашето судство

Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвори постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, за…

November 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван во делови од Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?