Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат и на терен- за следната година предвидени 50,5 милијарди денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат и на терен- за следната година предвидени 50,5 милијарди денари
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат и на терен- за следната година предвидени 50,5 милијарди денари

Објавено November 11, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Автопати, водоводи, канализации… ова се само дел од капиталните инвестиции кои се реализираат од страна на владата.

-Ние сме фокусирани на вистински капитални инвестиции. Тоа го гледате и во општините и на терен, скоро бевме тука како би ја отпочнале реализацијата за Коридорот 10д, кој автопатски ќе ги поврзе Прилеп и Битола. На почетокот имавме дилема кој пат да го фатиме. Првиот пат беше да излеземе од тој проект, а со тоа македонските граѓани да плаќаат стотици илјади евра пенали поради катастрофалниот договор на претходната влада. Или второто беше да работиме и да го забрзаме процесот и што побрзо да се реализира. Ние одлучивме второто да го направиме, бидејќи сакаме да имаме автопати, тие се дел од нашата програма и бевме свесни дека мора два пати повеќе да работиме за да можеме да ја стигнеме динамиката, да го надоместиме тоа кое беше испуштено од претходната влада.

Ова го истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски по денешната посета на Тутунски комбинат АД Прилеп, во одговор на новинарско прашање, во однос на планот за капиталните инвестиции за наредната година.

-Сега веќе се работи на две секции од четирите, третата се подготвува, за четвртата Требениште- Ќафасан имаме проблеми, бидејќи дел од делницата е во периметар кој е заштитен од УНЕСКО, дел е во приватни парцели, работиме и на тоа. Не работиме со 2 пати побрзи чекори, туку направивме 4 пати побрзи чекори. На потегот од Прилеп до Битола од околу 1200, 1300 парцели- 850 веќе се решени, очекувам и другите. Армијата работи на деминирање, така што сите капитални инвестиции се реализираат и за следната година во буџетот се предвидени околу 50,5 милијарди денари.

Мицкоски подвлече дека за разлика од претходно, сега има вистински реални капитални инвестиции и обзнани еден податок.

-До 24 јуни буџетскиот дефицит и реализираните капитални иинвестиции беа 3:1, 18 милијарди на 6 милијарди, заклучно со месец октомври- буџетскиот дефицит е под 24 милијарди, а капиталните инвестиции се околу 19 милијарди. До крајот на годината би требало да се спојат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загадувањето на воздухот во училиштата и градинките речиси за двапати ги надминува препораките од СЗО
Следна Статија Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната откупна цена на тутунот е 420 денари

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна на темата со откупот на тутунот. Тој посочи дека…

January 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните им должат на банките 3,9 милијарди евра

Граѓани кај банките се задолжени со 245,2 милиони денари или 3,9 милијарди евра. Ова сума доминира во вкупниот износ од…

November 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

Собранието на денешната 35.седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто пратениците од власта…

February 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од Охрид ќе може да се лета насекаде кон светот- започнуваме да го развиваме охридскиот аеродром

Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?