Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски го коментира Самитот во Брисел: Подготвен сум да разговарам за план којшто ќе не однесе до крај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски го коментира Самитот во Брисел: Подготвен сум да разговарам за план којшто ќе не однесе до крај
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски го коментира Самитот во Брисел: Подготвен сум да разговарам за план којшто ќе не однесе до крај

Објавено December 20, 2024 20:36
Сподели
Сподели

Оставете ја емоцијата, оставете ги билатералните прашања коишто предизвикуваат емоција, ајде да зборуваме за билатерални соработки, од коишто ќе имаме реални опипливи резултати коишто ќе се темелат на прогресивен напредок, ова е дел од пораката на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски по Самитот во Брисел.

Прашан дали е оптимист по посетата на Брисел, премиерот, Мицкоски истакна дека  активно учествувал на седниците и на работниот дел, како и на работната вечера, а  следниот ден имале состанок на семејството на Европската народна партија, каде што какошто вели  активно учествува и она што го кажува како аргумент во јавноста делумно или целосно, го кажува и таму.

– Јас не добивам од страна на моите соговорници контрааргументи, бидејќи контрааргумент не е знаеш треба 27 да одлучат. Зборувам за план, којшто не е план само за првиот чекор. Јас сум подготвен да разговарам за план, којшто нас ќе не однесе до крај, бидејќи ние како држава не сме како сите кандидати, морате тоа да го признаете. Затоа што ние повеќе од две и пол децении сме дел од овој процес. Скоро две децении сме кандидати и никој досега немал билатерални договори во својата преговарачка рамка, изјави Мицкоски.

Тој забележа дека ниту една земја досега нема променето знаме, банкноти, име, какошто го направи нашата земја, а токму сето тоа создава фрустрација, кај граѓаните.

 -Ние не сме, како да кажам како сите што станаа членки. Имаше еден говорник, да не именувам сега од моќна држава, која е членка на Европската унија, којшто многу јасно кажа на работната вечера, не е ова процес на поглавја и на кластери, да тоа е формално. Но, да бидеме реални ако немаше политичка храброст немаше да има толку големо проширување во 2004 година, да бидеме сите реални. Ниту денеска, ниту една земја членка од Европската унија не е усогласена со секоја точка, запирка од кластерите или поглавјата. Но има политичка волја, се се сведува на политичка волја и на храброст. Тоа е тоа, ако некој таму одлучил овој процес да биде жртва на билетарални прашања, што е во ред, да билатерални прашања, да соработуваме меѓу себе билатерално, во делот посебно на образованието и тоа беше мојата дискусија на Самитот на Европската народна партија, да тогаш има додадена вредност, вели Мицкоски.

Посочи дека во Брисел истакнал оти треба да се зборува за образование, економија, туризам, трансфер на знаење, и какошто рече Мицкоски „логично е, бидејќи тука можеме да дојдеме до очекуван резултат“.

-Но, ако зборуваме за идентитски прашања или ако зборуваме за тема којашто се случила во средниот век можеме да зборуваме, но како ќе ја дознаеме вистината, како ќе има мерлив резултат, кога од тогаш нема жив човек да посведочи што се случувало, а ако зборувате за идентитски прашања, тогаш се случува емоција, а кога ќе ви се случи емоција вие не можете да дојдете до рационално решение т.е, не можете да дојдете до решение, изјави Мицкоски.

Прашан дали имал средба со техничкиот премиер на соседна Бугарија, Главчев, Мицкоски со одговор дека по работната сесија на излегување се поздравиле и му кажал дека имал одличен настап, говор и оти на тој начин треба да се градат односите меѓу двете држави.  

– Едноставно по завршувањето, ако тоа се смета состанок, по завршувањето на работната сесија на излегување ме поздрави и ми кажа дека сум имал одличен настап, одличен говор и дека на тој начин треба да се градат односите помеѓу двете држави. Јас на тоа одговорив одлично, ајде во скора иднина да ја кренете рампата, за да можеме да почнеме да преговараме и на тоа добив одговор „знаеш во нашиот Парламент сите се против вас“, еве од прилика ова беше разговорот, ако ова е разговор, којшто сме го имале состанок, ова беа буквално ги цитирам неколкуте реченици, коишто ги разменивме, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За прв пат во историјата два српски ресторани добија Мишелин ѕвезда!
Следна Статија Во бункер во Арачиново пронајден експлозив и оружје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се бара притвор за 14 лица, меѓу нив е и ексминистерот Бектеши

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за 14 лица, осомничени во случајот во која загинаа 59 луѓе во пожарот во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Дури 67 отсто од градинките во Македонија работат со преоптоварени капацитети

Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во…

April 8, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?