Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии

Објавено October 29, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека го добил и го прочитал писмото на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во врска со „неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата“.

-Го добив писмото, го прочитав. Писмото би го поделил во два дела, првиот дел е геостратешки осврт на состојбата во регионот, вклучително Блискиот Исток и Украина, додека вториот дел е обвинување на уставните судии коишто ги избрало мнозинството на СДСМ и на ДУИ дека спроведуваат програма на ВМРО-ДПМНЕ. Не сум знаел дека овие судии избрани од мнозинството на СДСМ и ДУИ спроведува програма на ВМРО-ДПМНЕ, дека бил загрижен за предметот поврзан со законот за јазици и да сум интервенирал кај уставните судии избрани од СДСМ и ДУИ да внимаваат што прават бидејќи на тој начин можеле да ја дестабилизираат државата. Тоа е писмото, јавноста нека оцени дали тоа заслужува коментар, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред конференцијата „Блумберг Адрија“.

Според него, поминало времето кога политичарите можеле на тој начин да влијаат на одлуки на судии и обвинители.

-Јас разбирам дека ДУИ се уште е во тој периметар и низ таа оптика низ која тие гледаат, тие мислат дека на тој начин треба да функционираме ние како држава, јас не мислам, а посебно на памет не ми паѓа било каква комуникација со уставни судии или било какви судии и обвинители кои се избрани од мнозинството СДСМ и ДУИ. Бидејќи тие истите рејтингот на правосудниот систем го сведоа на едноцифрен број проценти, рече Мицкоски.

Информира дека викендов остварил средба со европскиот експерт за правосудство Бранко Хорватин.

-Веќе остварив средба со европски експерт во мојот кабинет за време на викендот, тој е Бранко Хорватин кој работи на проект финансиран од страна на ЕУ во Црна Гора дека многу добив квалитетни идеи во делот на реформите во правосудството, и во текот на следната недела очекувам веќе да имаме оперативна средба со министерот и со луѓето кои се веќе дел од оваа работа и да почнеме веќе да работиме. Најпрво да почнеме од Судскиот совет, па после од Советот на јавни обвинители, се до оној момент додека не го ослободиме Судството и Обвинителството октроирани од партиските стеги на ДУИ и на СДСМ, рече Мицкоски. 

Инаку, како што соопшти ДУИ претходно, писмото од Ахмети е „одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој“. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни  и штетни за напредокот и одржливоста на општеството. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лажна пријава за бомба во „Кромберт и Шуберт“ во ТИРЗ-Скопје
Следна Статија 60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Кривична пријава за 10 лица за запленетите 40 тони канабис

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во телевизиско гостување објави дека Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Јавното…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

За многу години Св. Георгиј-Ѓурѓиц: Денес е важен празник кој има свои „правила“

Денес (16.11) е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска. Овој празник поврзан со името…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Финансии не ни дозволува ниту едно вработување

Мерките што власта ги најавува во правосудството по завршување на локалните избори, државниот обвинител Љупчо Коцевски ги коментира како политички…

November 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна на аеродромот во Будимпешта. Мицкоски на Фејсбук напиша дека повторното воспоставување на линија…

March 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?