Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат

Објавено October 8, 2024 10:04
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу тоа зошто уставните измени се проблем да се донесат пред да се добијат јасни гаранции дека нема да има нови пречки од страна на Бугарија на патот кон ЕУ, истакна дека и ние имаме проблем со тоа што Бугарија не им дозволува на Македонците таму ниту невладина да регистрираат, а Европскиот суд за човекови права нема ниту една пресуда за нарушени права на Бугарите во Македонија, наспроти 14 во корист на Македонците во Бугарија.

„Имам проблем сега, затоа што во овој момент го поставувам прашањето зошто сега. Еве кажете ми зошто сега. Правата нечии се нарушени, човекови? Ако се нарушени човековите права, кој е Бојко Борисов или Радев или Христијан или Петко, Трајко небитно, политичар да цени дали нечии права се нарушени? Има институција која се вика Суд за човекови права во Стразбур и тој вели 14 пресуди за Македонската заедница во Бугарија којашто не смее ни невладина да регистрира и нула за бугарската заедница во Македонија“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека има проблем со тоа што во Бугарија која е земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права на Македонците не им се дава ниту да регистрираат невладина.

„Имам проблем затоа што моите таму сонародници не можат ни невладина да си организираат, а не па за Уставот. Еве не бил нивниот устав таков, во ред, дајте им на луѓево барем невладина. И замислете сега за да биде целата оваа хипокризија вака уште повеќе да кулминира, кога се предлагаше новата методологија за пристапување кон ЕУ, меѓу институциите коишто беа клучни во носењето одлука беа Венецијанската комисија и Европскиот суд за човекови права“, истакна Мицкоски и додаде:

„Земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права не сака тоа да го исполни. Од каде ми е мене гаранцијата дека за шест месеци нема да има ново вето за нешто друго“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Касами: Излегувањето на Тачи е само почеток на распадот
Следна Статија Коста Кецмановиќ на суд донесен со полиција и Брза помош, ќе сведочи во најбезбедната судница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки

Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу работи заедно. Свесен сум дека се живее тешко и нашата желба е тоа да…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали парите од ЕУ за Македонија со Планот за раст ќе стигнат побрзо?

Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан…

January 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес кај Демир Капија

Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во земјава. Според евиденцијата на Европскиот медитерански сеизмолошки…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Еко-свест“ бара од Министерството за животна средина да преземе мерки против хидроцентралите на Дошница

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ информира дека испратиле писмо со барање до министерот за животна средина…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?