Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Објавено November 25, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот, две години. Но, убеден сум дека ќе биде порано. Продолжуваме да инвестираме на целата територија на Македонија. Она што е важно е дека мораат граѓаните да се чувствуваат комотни, да ја вратиме надежта и она кое што е многу важно, да покажеме дека нема веќе да работиме по принципот како до сега, туку со иновативни методи ќе си ја развиваме нашата татковина, Македонија. Тоа е она кое што ние како Влада имаме намера да го правиме, истакна премиерот Христијан Мицкоски по денешното поставување на камен темелник во општина Кисела Вода.

Му честитам на градоначалникот за посветената работа која што ја прави секојдневно, неуморно, овде во општина Кисела Вода, на советниците кои што ја поддржуваат неговата работа, на општинската администрација, пратениците се разбира коишто се составен дел. Понатаму, директорите на објектите кои што се под ингеренции на локалната самоуправа, бидејќи ако немате добра подготовка, ако немате добро проектирање и дефинирање на приоритетите, тогаш вие ќе не можете да имате ниту добар проект. Продолжувам и понатаму како Влада, преку оној проект за децентрализација од буџетски средства кон општините да инвестираме на цела територија на Македонија. Веќе неколку проекти овдека во Кисела Вода се потпишани, во оној прв бран, сега во февруари ќе има уште еден, втор бран проекти кои што ќе бидат исто така потпишани, посочи Мицкоски.

Тој потенцира дека на тој начин ја заокружуваат оваа инвестициска активност за оваа и за следната 2025-та веќе почнуваат да прават планови за следната 2026-та година.

Импресионира посветеноста на градоначалниците, морам да кажам. Ги поздравувам сите оние коишто навистина учествуваат во овој проект и ги повикувам и понатаму да бодат дел од проектите коишто ќе ги финансира Владата. Уште еднаш нека е со среќа, уште многу вакви проекти да имаме ширум Македонија, посочи премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: До крајот на неделава ќе бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит за стопанството
Следна Статија Кешишев за сменетата ИЗЈАВА: Палчо ми ја даде да ја препишам и да ја потпишам!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Во рок завршува рехабилитацијата на патот Охрид – Св. Наум

Јавното претпријатие за државни патишта информира за завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Ѓорѓиевски со букет цвеќе ја испрати Арсовска

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ѝ подари букет свежо цвеќе на досегашната градоначалничка Данела Арсовска на кусата…

November 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали Заев е македонскиот ајтолах?

Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран? Ако Филипче вели Македонија е како…

March 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Државата оваа година е поподготвена за справување со пожарите

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, денес на Криволак беше на промоција на противпожарни возила. Тој во изјава за медиумите рече…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?