Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ја фрли ракавицата: Ако сакате избори и сте силни, ајде на избори!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски ја фрли ракавицата: Ако сакате избори и сте силни, ајде на избори!
ПОЛИТИКА

Мицкоски ја фрли ракавицата: Ако сакате избори и сте силни, ајде на избори!

Објавено October 31, 2024 12:30
Сподели
Сподели

Треба да се сте сигурен дека овие седум години позади нас, ниту јас, ниту било кој од нас ќе ги заборави. Бидете сигурен дека нема да бидеме како вас, нема да влегуваме со специјалци во два часот наутро и да апсиме… Ќе влеземе и ќе им ставиме лисици на тие што седум години ја ограбуваа државата и ќе одговараат. Нема потреба од маски. Казната ќе биде жестока. Измените на Кривичниот законик нема да ви помогнат. Верувајте стотици се – му порача премиерот Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на првите пратенички прашања во Собранието.

Немојте да мислите дека со вакво прашање, ќе не засрамите или ќе добиете некој поен. Ако сакате да водите лидерска политика во опозиција, не дозволувајте тие околу вас да ве санкаат и да ве однесат во длабоко, додаде Мицкоски во својот одговор до неговиот политички ривал.

Премиерот обелодени дека „дипломати во Брисел му порачале дека тие за нас се бореле повеќе од нашето (претходно) водство“.

Не можам да се изначудам на лековерноста на која нашите политичари се обиделе да постапуваат. Мој совет е ако отидеш во длабокото, нема враќање назад…

Сигурен сте дека се лаги и клевети ова што го кажав? И сигурен сте дека не се плашите? Во ред. Изгледа сте храбар човек. Добро знаете во себе дека се што кажав е вистина, а таа ќе излезе, порано или подоцна – додаде претседателот на Владата.

Мицкоски во својот говор од собраниската говорница говореше и дека „ќе дојде денот да се зборува за многу работи“.

Ако сакате да одиме на избори, да се провериме. Заедно со локалните (избори), може да одиме. Ако сакате, одма сега да ја договориме работата. Но да не се удавите во длабокото, каде што ве носат – кажа премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија EУ од денеска воведува 35 посто царина за автомобили од Kина
Следна Статија Како телохранителите на Путин со години случајно ги откривале неговите локации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Урсула во Скопје донесе „отровен чешел или отровно јаболко“?

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен покажа дека Брисел го цени она што досега го направи владата на…

October 25, 2024
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: За сала од 50 илјади евра, Таравари потроши 750 илјади евра народни пари

Вистината, кога е документирана, станува неповратна. Денес, фактите зборуваат погласно од која било пропаганда и од кој било обид да…

December 25, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата презентира нов концепт на водење на економијата кој значи модернизација и зголемена конкурентност

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој…

November 25, 2024
ПОЛИТИКА

Марковска Илиевска: 10 милиони евра за булеварот „Хасан Приштина“ се заглавени во лавиринтот на неспособната Арсовска

Градоначалничката Данела Аросовска ја ситни последната година од мандатот, а скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект, освен…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?