Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

Објавено November 19, 2024 14:54
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што ќе се одржи викендов во Белград, но оти нема договорено средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Таква средба нема најавено. Мислам дека претседателката се сретна (со Вучиќ) во Азербејџан на настанот ЦОП 24 што се одржан во Баку. Инаку нема такви иницијативи. Ако мислите на патувањето коешто ќе биде како резултат на посетата на Саемот за вино, којшто ќе се одржи сега, петок и сабота, каде што ќе се претстават десетици македонски производители, бидејќи го прават, според мене, најубавото вино на светот таму, на којшто сум поканет од страна на македонските винарии. Да, ќе присуствувам и ќе бидам покровител на македонската вечер, но нема најавено средба со претседателот Александр Вучиќ – рече Мицкоски на новинарско прашање дали наскоро ќе има средба со српскиот претседател, на прес – конференцијата во Владата по постигнатиот договор за покачување на платите во здравството со синдикатите.

Во однос на Иницијатива Отворен Балкан, тој рече дека ставот е веќе познат.

Српската Влада соопшти дека Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи од 22 до 24 ноември 2024 година на Белградскиот саем. Како што јави дописникот на МИА од Белград, за време на тридневниот саем Винска визија, Белград ќе собере повеќе од 650 изложувачи од бројни винарии, дестилерии и гастрономски компании од 38 земји, меѓу кои: САД, Франција, Австралија, Холандија, Јужна Африка, Либан, Мексико, Португалија. Придружен настан на саемот ќе биде „Визија за храната на Отворен Балкан“ на кој ќе уствуваат лидерите на прехранбената индустрија и кулинарската уметност, меѓу кои и некои од најистакнатите имиња во кулинарскиот свет, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во Гастро театарот – презентација на најдобрите ресторани и хотели од Србија, Македонија и Албанија, каде ќе се подготви сет мени од три јадења во комбинација со вина избрани од најдобрите сомелиери од Србија.

Како и изминатите години, централното место во хала 3 ќе го заземе заедничкиот штанд на трите национални туристички организации на земјите од Отворениот Балкан, каде заеднички ќе ја презентираат туристичката понуда и културното наследство на сите три земји, се наведува во соопштението на Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фудбалер погоден на лов, загина на лице место
Следна Статија Maкедонските репрезентативци ќе добијат премија од 600.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата

„Во време на светски предизвици, одржливите и иновативни институции се најсигурното „сидро“ за економијата.“ Ова беше главната порака што беше…

March 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска заедно со раководството на Комбинатот и членови на Управниот одбор…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и СБ

Делегација предводена од гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на Годишните…

October 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Акциите на Nintendo паѓаат по разочарувачки профит, предизвикувајќи загриженост за маржите

Акциите на Nintendo се намалија по објавувањето на финансиски резултати кои покажуваат предизвици во профитабилноста и потенцијални идни пречки

February 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?