Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски- Курти: Време е за решавање на економските прашања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски- Курти: Време е за решавање на економските прашања
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски- Курти: Време е за решавање на економските прашања

Објавено November 18, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Време е да ги решаваме економските прашања, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, по заедничката владина седница во Приштина.

Двајцата премиери и членовите на двете влади разговарале за широк спектар на прашања од заеднички интерес вклучувајќи ја економската соработка, зголемувањето на трговската размена, инфраструктурните проекти и заедничките напори за обезбедување на регионалната стабилност и безбедност, јави известувачот на МИА од Приштина.

Мицкоски оцени дека средбата била исклучително продуктивна, со искрен и отворен дијалог што е од клучно значење за зајакнување на односите меѓу двете земји.

-Убедени сме дека иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија и во НАТО, рече Мицкоски, потенцирајќи дека граѓаните ги интересира поголем стандард.

Тој кажа дека се договорени конкретни чекори за подобрување на транспортните и енергетските врски што ќе има позитивно влијание на економскиот развој и напредокот на земјите во регионот. Исто така и за младите, образованието и младите.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакнал дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

Косовскиот премиер Курти му се заблагодари на премиерот Мицкоски за волјата за продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството меѓу двете држави во интерес на граѓаните и на регионот.

Владите на Северна Македонија и на Косово денеска во Приштина одржаа заедничка седница по што беа потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области. Со седницата претседаваа премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти.

По седницата беа потпишани три документи. Првиот е меморандум за соработка во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини, со којшто се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Република Косово-Република Северна Македонија.

Вториот документ е Информација за склучување на протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите.

Потпишан е и Меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Северна Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово.

По официјалниот пречек, се одржа тет-а-тет средба на двајцата премиери Мицкоски и Курти, а потоа и меѓувладината седница.

Членовите на македонската влада, предводена од премиерот Мицкоски во Приштина беа пречекани со највисоки почести.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Курти контра ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија
Следна Статија НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

За 50 проценти се намалуваат царините за околу 70 стоки: Олеснување има и за литиум-јонските батерии

На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинската тарифа…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јенот се зголемува, а обврзниците паѓаат по сугестиите на гувернерот на Банката на Јапонија за зголемување на каматните стапки

Забелешките на Казуо Уеда 'јасно сигнализираат' можност за затегнување на монетарната политика на декемвриската средба, велат аналитичарите

December 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата донесе одлуки за ограничување на маржата на над 1000 производи

Владата донесе одлуки за ограничување на маржата во трговија на големо и трговија на мало на над 1000 производи, и…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?