Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа

Објавено January 30, 2025 20:39
Сподели
Сподели

Образованието за нас е приоритет и не може да има силна држава без силно образование, истакна претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски прашан во врска со изградбата на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ во Скопје.

Според премиерот Мицкоси, изградбата на инфраструктура за високото образование е многу значајна и кога се вложува во високото образование секогаш се добива.

-Идејното решение на објектите ќе го определат студентите и тие во соработка со проектантите ќе го дадат конечното решение без разлика на стилот што ќе биде избран. Но мене ме загрижува тоа што во оваа учебна 2024-2025 година матурирале околу 14.000 матуранти. Недостасуваат млади луѓе и затоа потребна е нова парадигма и да знаеме каде сакаме да бидеме после 10 или 15 години, да се гледа визионерски без разлика на кој универзитет се студира. Зградите ќе ги изградиме, но се плашам да не нема луѓе за студирање. Не е се политика и желба за власт, треба да гледаме визионерски за тоа каде треба да стигнеме. Младите треба да се прашаат и да кажат каде ќе се најдат по 18 години…ние како Влада размислуваме за овој голем и сеопфатен процес кој треба заеднички да се креира, нагласи Мицкоски.

Пратеникот Бојан Стојановски праша и за состојбите во енергетскиот сектор, тема која според премиерот Христијан Мицкоски е светска тема, а не само локална или регионална.

-Без енергетска независност и стабилност ние неможеме да ја развиваме државата бидејќи нема да можеме да обезбедиме ресурс за развој на економијата. Во ЕСМ наследивме околу 5 милијарди денари долгови, наследивме хаос во МЕПСО и наследивме тендер за гасниот интерконектор со Грција за кој што постоеше опасност да биде откажан за финансирање од страна на европските кредитодаватели. Но, со нашиот ангажман со изградба на јужниот и северниот гасен интерконектор за енергија стануваме фактор во регионот. Во Битола го консолидиравме снабдувањето со јаглен, цената на електричната енергија остана иста иако секаде во регионот е зголемена и стандардот на граѓаните ни е пред се и над се, посочи Мицкоски и јавно побара од опозициската СДСМ да учествува на најавената дебата за квалитетот на воздухот во градот Скопје.

На пратеничкото прашање од пратеникот Бојан Стојановски во врска со странските директни инвестиции во земјава, премиерот рече дека Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа.

– Од мај до ноември имаме 120 милиони евра месечно инвестиции. Очекувам во февруари Македонија да биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа. Нешто што одамна не сме биле, се сеќавате бевме на дното. И ова ни е многу важно, затоа што во пресметката на БДП во услови на криза во автомобилската индустрија и намалено индустриско производство, во услови на намалена побарувачка на суровини од нашите рудници, странските инвестиции, туризмот, услугите и земјоделието се тие кои што треба да го покријат тој недостаток, односно таа разлика која што ќе се случува во БДП, истакна Мицкоски и најави дека во месец јуни со инвестицијата на Алказар Енерџи ќе се стави камен темелник на ветерниот парк во вредност од половина милијарда долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возачот кој ја усмрти Фросина на Партизанска бил пијан и немал возачка дозвола, поминал на црвено
Следна Статија Еве кој е 20 годишниот Васил Јованов – Васо кој ја усмрти Фросина, требало да биде во притвор!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ако цените на храната продолжат да растат потребни се долгорочни мерки, смета организацијата на потрошувачи

Владата да ја следи состојабата и доколку трендот на поскапување на прехрамбените производи продолжи потребни се мерки – кои ќе…

August 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Отворено писмо до јавноста од небанкарските друштва: Проверката и верификацијата на барателите на кредит се засилени и ги сведуваат на минимум можностите за измама

По објавата на документарниот филм „Украдени животи“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Протест на оризопроизводителите поради проблеми, од МЗШВ најавуваат итни решенија

Намаленото наводнување на оризовите посеви ќе има големо негативно влијание. Повисоки субвенции и промена во критериумите - со вакви барања…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Економијата се стабилизира, единствено нешто што е катастрофално е состојбата што ни ја остави СДС

Економијата се стабилизира, слободното паѓање е запрено. Единствена катастрофа за Македонија е седумгодишното разбојничко работење со државни ресурси на СДСМ…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?