Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски најави две реформи во социјалната заштита: Софтвер ќе детектира злоупотреби – картичка за купување на македонски производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски најави две реформи во социјалната заштита: Софтвер ќе детектира злоупотреби – картичка за купување на македонски производи
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави две реформи во социјалната заштита: Софтвер ќе детектира злоупотреби – картичка за купување на македонски производи

Објавено December 6, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција најави две реформи во сферата на социјалната заштита. Едната, рече, ќе биде изготвување софтверско решение кое јасно ќе детектира кои корисници на социјална помош го злоупотребуваат системот, а втората е издавање платежна картичка со која 50 отсто од сумата приматели на социјална помош ќе ја користат за купување македонски производи.

Како што истакна Мицкоски, досега се евидентирани голем број злоупотреби. Некои лица примале социјална помош и до 60 000 денари месечно.

„Некои корисници примале помош до 60 000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата. Има големи злоупотреби во центрите и од службеници. Дел се веќе и санкционирани, против дел се покренати кривични постапки“, истакна Мицкоски, додавајќи дека на софверското решение се работи со Светска банка.

Дополни дека и во однос на здравството се работи на реформи.

„Мора да сме свесни дека здравствениот систем бил многу злоупотребуван и затоа сега некои се милионери, а некои милијардери додека граѓаните не ги добиваат услугите. Се преговара со две европски земји за изградба на две здравствени установи, клиничката болница во Штип и Кичево. Работиме и на набавка на апарати неопходни за добивање здравствени услуги. Размислуваме и за структурна реформа во здравството, за регионализација. Некои објекти може од болници ќе станат поликлиники или други од поликлиники амбуманти“, објасни премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По „10-та мајка“ бел чад од бугарското собрание: Киселова избрана за претседател
Следна Статија По раскинувањето на договорот со „Марковски компани“ АД ЕСМ со најава, ќе преземе мерки пред судските органи од несовесното извршување на обврските

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци, а вишок на началници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дома сепак е најубаво и може да се успее, велат повратниците од дијаспората

Инспиративни приказни за успесите на повратниците без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, како и нивни пораки дека е…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Безбедноста на граѓаните ни е на прво место, посветени сме на зајакнување на армиските капацитети

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Конти“ пропадна, се појави „Грок“- нова пирамидална шема

Не требаше да помине долго време, а веќе се појави нова пирамидална шема наречена „Грок“. Се е исто како и…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?