Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани

Објавено January 7, 2025 09:24
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски упати божиќна честитка во која посака да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските.

Почитувана Ваша Светост, архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан,

Почитувани членови на Светиот архиерејски синод,

Почитувано свештенство и монаштво,

Драги сограѓани,

Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.

Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божиќ нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас.

Во време кога предизвиците се бројни, оваа празнична атмосфера нè поттикнува на размислување за заедништвото и единството, како најсилен темел за изградба на подобра иднина. Нека Божиќ биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок.

Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество.

Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските.

Нека Божјата милост нé води низ животот, носејќи благосостојба, здравје и успех во секој наш чекор.

Христос се роди!

Со почит,

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик
Следна Статија Утрово почувствуван земјотрес во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница

Во спомен на починатите, православните верници денеска ја одбележуваат Задушница во пресрет на големиот празник кој доаѓа во недела –…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска во Тетово повторно беше прашана дали носи преведувач

Министерката за образование Весна Јаневска  при посетата на Тетово вчера беше прашана од новинар дали со себе донела преведувач, на…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме

На седницата на Собранието посветена на пратенички прашања во четвртокот, премиерот Христијан Мицкоски се осврна на изградбата на објектите на…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците: Очекувам да се реши

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан,…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?