Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Новите авиолинии се чекор кон промоција на државата и привлекување туристи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Новите авиолинии се чекор кон промоција на државата и привлекување туристи
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Новите авиолинии се чекор кон промоција на државата и привлекување туристи

Објавено October 26, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за најавените шест нови авионски линии, изјави дека треба да сме среќни што многумина ќе имаат можност преку евтини линии да ја посетат нашата земја и да уживаат во нејзините природни и културни убавини.

– Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, најави шест нови дестинации меѓу кои се Истанбул од Охридскиот аеродром, Базел, Дубаи и така натаму. Знаете дека ние субвенционираме на пристигнат патник од Скопскиот аеродром – девет евра, а од Охридскиот – дванаесет. Во ноември ќе има и нови линии, тоа е само чекор во насока на тоа што го зборувам цело време, а тоа е дека како држава можеме да бидеме исклучително атрактивна туристичка дестинација, што нема само природни убавини, туку има и навистина големи културни места, што треба да се посетат, што датираат од различни периоди во минатото и можам да кажам дека 90 проценти од туристите, кои ја посетуваат земјата, се токму поради тие културни знаменитости, што ги поседува Македонија како држава, одговори Мицкоски по денешната посета на отворањето на Центар за услуги во општина Аеродром.

Ова, според него, е уште еден чекор во насока на промоција на државата во рамки на привлекување на што е можно повеќе туристи.

– Ние како граѓани треба да се покажеме како добри домаќини и да продолжиме на тој начин да функционираме. Не треба да се плашиме, напротив, треба да сме среќни што многумина ќе имаат можност преку евтини линии да ја посетат нашата земја и да уживаат во нејзините природни и културни убавини, подвлече премиерот.

Министерот за транспорт Александар Николоски вчера на прес-конференција најави дека ќе бидат отворени шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул. Како што информираше министерот, четири нови авионски линии се однесуваат на Скопскиот аеродром, каде двапати неделно ќе се лета на релација Скопје-Дубаи-Скопје – од 30 март, исто како и Скопје-Барселона-Скопје – од 30 јуни, додека, по трипати неделно ќе се лета Скопје-Лион-Скопје – од 30 јуни и Скопје-Штутгард-Скопје. На Охридскиот аеродром, новина се линиите Охрид-Базел-Охрид што ќе лета двапати неделно и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид – од 30 март, што ќе лета четирипати неделно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Вучевиќ не е виновен за одлуката на фон дер Лајен, јас сум против каква било поделба меѓу ЕУ и БРИКС
Следна Статија Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-

Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Изиџет“ од јули ќе лета директно од Скопје до Бодрум

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ (EasyJet) од следната година воведува нова сезонска авиолинија која директно ќе ги поврзува Скопје и Бодрум, пренесува…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зошто цената на среброто постигна рекордно ниво?

Цената на овој благороден метал за прв пат ја надмина вредноста од 60 долари по унца.

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Нефер однесувањето на енергетскиот пазар ќе се казнува со дел од приходот

Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?